Лауренс тен Дам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лауренс тен Дам

Тен Дам на Тур де Франс 2011
Лични податоци
Цело име Лауренс тен Дам
Роден 13 ноември 1980 (1980-11-13) (34 г.)
Бедум, Холандија
Висина 1,84 м[1]
Маса 67 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Белкин Про Сајклинг
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2002–2003
2004
2005
2006–2007
2008–
Рабобанк ГС3
Банкгиролотереј
Шимано-Мемори Корп.
Унибет.com
Рабобанк
Последна промена
28 јануари 2014

Лауренс тен Дам (холандски: Laurens ten Dam; р. 13 ноември 1980) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Белкин Про Сајклинг.[2]

Кариера[уреди]

Тен Дам започнал со професионално возење од 2002. Добар искачувач, Тен Дам може да заврши во првите десет на многу трки, вклучувајќи ја Волта а Каталуња во 2007, Тур Даун Андер, Трката околу Калифорнија и Тур де Свис во 2011. Исто така го освоил планинскиот пласман на Тур де Романди во 2009.

Во 2012, Тен Дам завршил осми на Вуелта а Еспања, негов најдобар пласман на некоја голема трка.

На Тур де Франс 2013, Тен Дам имал извонредни две недели, сместувајќи се на петтото место во генералниот пласман, додека неговиот сонародник и колега, Бауке Молема, бил на второто место. Меѓутоа во последната недела, Тен Дам опаднал со формата и не можел да се задржи во првите десет во генералниот пласман, поради што на крајот завршил на 13. место.

Достигнувања[уреди]

2006
1. Планински пласман Стер Електротур
2. Етапа Курс де ла Солидарите Олимпик (ITT)
2007
8. Краен пласман Трка околу Германија
9. Краен пласман Волта а Каталуња
2008
1. Етапа 1 Критериум Интернационал
2009
1. Jersey red.svg Планински пласман Тур де Романди
2011
5. Краен пласман Тур Даун Андер
6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
8. Краен пласман Тур де Свис
2012
8. Краен пласман Вуелта а Еспања
2013
3. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
8. Краен пласман Трка околу Норвешка

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 28
Jersey yellow.svg Тур 21 60 58 28 13
Jersey red.svg Вуелта СО 8 СО

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]