Ананас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Pineapple
A pineapple, on its parent plant
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Monocots
Нерангирано: Commelinids
Ред: Poales
Фамилија: Bromeliaceae
Потфамилија: Bromelioideae
Род: Ananas
Вид: A. comosus
Биномен назив
Ananas comosus
(L.) Merr.
Синоними

Ananas sativus

Ананас (Ananas comosus), именуван по неговата сличност со шишарката, е тропско растение со јадлив зрнест плод кое се состои од спојување на зрнестите плодови, и најеконимичното значајно растение во семејството Bromeliaceae. Aнанасите може да се одгледуваат со сечење на врвот на овошјето, може со цветење во 20-24 месеци и плодност во наредните шест месеци. Ананасот не созрева значително по жетвата. Ананасите се консумираат свежи и зготвени, конзервирани, исцедени, и се наоѓаат во широк спектар на храната. Покрај потрошувачката, на Филипините, листовите од ананасот се користат за производство на текстилно влакно- piña кое, меѓу другите употреби, се користи како состав на хартијата за ѕид и мебел.

Ананасите се консумираат свежи и зготвени, конзервирани, исцедени, и се наоѓаат во широк спектар на храната. Покрај потрошувачката, на Филипините, листовите од ананасот се користат за производство на текстилно влакно- piña- кое, меѓу другите употреби, се користи како состав на хартијата за ѕид и мебел.[1]

Етимологија[уреди]

Pineapple and its cross section

Зборот ананас во англискиот јазик првпат било забележано во 1398 година кога првично се користело да се опишат репродуктивните органи на иглолисните дрвја (сега се нарекуваат шишарки).Терминот „шишарка“ за репродуктивните органи на иглолисните дрвја првпат било забележано во 1694 година. Кога европските истражувачи го откриле ова тропско овошје во Америка, тие ги нарекле „ананаси“ ( прво се спомнуваат во 1664 година поради сличноста со она што сега е спомната како шишарка).[2][3]

Во научниот бином Ananas comosus, ananas, оригиналното име на овошјето доаѓа од зборчето на Тупските јазици- nanas,што значи „одлично овошје“ ,[4] in 1555, и comosus„со туфни“ кое се однесува на стеблото на овошјето според записот на Андре Тевет во 1555 година. Другите членови на родот ананас ,често се нарекуваат „шишарки“ како и во други јазици. На шпански, ананасите се нарекуваат piña ("шишарка"), или ananá (ананас) (пример: пијалокот Пина Колада).

Ботаника[уреди]

A pineapple flower in Iriomote, Japan

Ананасот е повеќегодишно билно растение, кое расте од 1,0 до 1,5 метри (3,3 до 4,9 стапки) високи, иако понекогаш може да биде повисок. По надворешноста, растението има кратко, ниско стебло со тврди, бледи листови.Кога ги создава своите плодови, обично дава плод до 200 цветови, иако некои големи овошни сорти можат да го надминат ова. Откако ќе процвета, индивидуалните плодови на цветовите се сврзуваат заедно за да создадат она што обично се нарекува како ананас.

Опрашување[уреди]

Pineapple in the starting stage

Опрашувањето е потребно за формирање на семето, но присуството на семињата негативно влијае на квалитетот на плодот. Во Хаваи, каде ананасот се обработува на земјоделска скала, увозот на колибри е забранет поради оваа причина. Некои диви ананаси кои се опрашуваат од лилјаците сами си ги отвараат нивните цветови во ноќта.


Кулинарски употреби[уреди]

Pineapple, raw
Хранлива вредност по 100 г.
Енергетска вредност 209 кЏ (50 ккал)
Јаглехидрати 13.12 g
- Шеќери 9.85 g
- Влакна 1.4 g
Масти 0.12 g
Белковини 0.54 g
Тиамин (Вит. Б1) 0.079 мг (7%)
Рибофлавин (Вит. Б2) 0.032 мг (3%)
Ниацин (Вит. Б3) 0.5 мг (3%)
Пантотенат (Вит. Б5) 0.213 мг (4%)
Витамин Б6 0.112 мг (9%)
Фолат (Вит. Б9) 18 μг (5%)
Холин 5.5 мг (1%)
Витамин Ц 47.8 мг (58%)
Калциум 13 мг (1%)
Железо 0.29 мг (2%)
Магнезиум 12 мг (3%)
Манган 0.927 мг (44%)
Фосфор 8 мг (1%)
Калиум 109 мг (2%)
Натриум 1 мг (0%)
Цинк 0.12 мг (1%)
Link to USDA Database entry
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
 Извор: База за хранливостUSDA

Месестиот дел и сокот од ананасите се користат во кујните ширум светот. Во многу тропски земји, ананасот се подготвува и се продава на патиштата како брз оброк. Тие се продаваат цели или на половина со вметнато стапче. Целите парчиња од срцевината со цреша во средината се заеднички гарнир на шунката во Западот.Парчињата од ананас не се користат само во десерти како овошна салата, но исто така и како главна состојка во солените јадења, како во хамбургерите и како прелив на пица. Мелениот ананас се користи за јогурт, џем, колачиња и сладолед. Сокот од ананас се служи како пијалок и исто така е главна состојка во коктелите како што е Пина Колада.

Исхрана[уреди]

Суровиот ананас е одличен извор на манган (76% од дневно препорачана доза од една чаша) и витамин Ц (131 % од дневно препорачана доза од една чаша). Главно, од неговото стебло, ананасот го содржи протеолитички ензим, бромелин, кој ги разложува протеините. Ако има доволно од содржината на бромелин, сокот од суровиот ананас може да се користи како маринада за месо и како зачин за смекнување. Ананас ензимите можат да се мешат во подготовка на некоја храна, како желе или други десерти кои се базирани на желатин, но би можеле да бидат уништени за време на готвењето и конзервирањето. Количеството на бромелин во плодот веројатно не е значајно, кое станува нејадливо стебленце. Покрај тоа, апсорбираниот ензим како бромелин е неверојатен и помага при протеолитичките процеси на варење на храната.

Историја[уреди]

Charles II presented with the first pineapple grown in England (1675 painting by Hendrik Danckerts)

Растението е вродено во Јужна Америка и се вели дека потекнува од областа помеѓу јужниот дел на Бразил и Парагвај; сепак, важно е да се напомене дека малку се знае за потеклото на домашниот ананас Пикерсгил, 1976 година (Pickersgill, 1976). М.С.Бертони сметал дека канализационата мрежа на реките Парана-Парагвај да биде местото на потеклото на „ A. Comosus“. Домородците на јужниот дел на Бразил и Парагвај го шират ананасот низ Јужна Америка и тоа на крајот ги опфати Карибите, Централна Америка и Мексико, каде што се одгледувале од Маите и Ацтеките. Колумбо наишол на ананасот во 1493 година на Заветрените Острови, односно Гваделуп. Тој го нарекол „ piña de Indias“, со значење „шишарка на Индијанците“ и го донел назад со него во Европа, притоа правејќи го ананасот првата бромелија што ја напушти новиот свет.

Наводи[уреди]

  1. piña cloth – definition of piña cloth by the Free Online Dictionary, Thesaurus and Encyclopedia. Thefreedictionary.com. Retrieved on 2011-10-02.
  2. Oxford English Dictionary entries for pineapple and pine cones, 1971.
  3. History of the Pineapple.
  4. Davidson A. (2008) The Penguin Companion to Food. Penguin Books.