Коктел

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Типичен коктел сервиран во коктел чаша

Коктел е алкохолен пијалок составен од мешавина од пијалоци и содржи три или повеќе состојки од кои барем една е алкохолен пијалок, втората е сладок/шеќерен пијалок и третата е кисел/горчлив пијалок.[1]

На почеток коктелите претставувале мешавина од алкохолен пијалок, шеќер, вода и горки пијалоци - битери.[2] Називот коктел денес се користи за безмалку сите мешани пијалоци што содржат алкохол, вклучувајќи ги и безалкохолните мешавини како и кратките пијалоци (алкохолен пијалок кој се сервира во порција од 20-30 ml и се пие наеднаш) итн. [3] Денес коктелот вообичаено содржи еден или повеќе видови алкохолни пијалоци, еден или повеќе безалкохолни пијалоци како на пример, минерална вода - сода или овошен сок. Дополнителни состојки можат да бидат и шеќер, мед, млеко, слатка павлака и различни видови на билки.[4]

Историја[уреди]

Потеклото на зборот коктел не е прецизно определено и е спорно.

Прва запишана употреба на зборот коктел е забележана во The Morning Post и Gazetteer во Лондон, Англија на 20 март, 1798 г.:[5]

Mr. Pitt,
two petit vers of “L’huile de Venus”
Ditto, one of “perfeit amour”
Ditto, “cock-tail” (vulgarly called ginger)

Се вели дека прва забележана употреба на зборот коктел во Соединетите Американски Држави е во The Farmer's Cabinet на 28. април 1803 г.:[6]


Зборот коктел, според Oxford English dictionary, е наведен како збор што потекнува од САД. .

Дефиницијата за коктел се појавила на 13. мај, 1806 г. бо изданието The Balance and Columbian Repository, публикација на Hudson, New York, во кое како одговор на прашањето Што е коктел? е напишано:

Коктел е стимулативен пијалок, составен од алкохолни пијалоци од различни типови, шеќер, вода и битери, и би треало да биде одличен изборен пијалок, дотолку повеќе што го прави срцето жилаво и храбро, истовремено го замајува мозокот. Се вели дека исто така е од голема корист за изборниот кандидат на Американската демократско-републиканска партија, бидејќи личноста која проголтала чаша коктел е подготвена да проголта било што.[7]

Првото издание на водич за бармени кое содржи рецепти за коктли е објавено во 1826 г. - Како да мешате пијалоци; или, Придружникот на Бонвиваните, од „професорот“ Џери Томас. Во листата на различните пијалоци се наведени 10 рецепти означени како коктели. Клучната состојка што ги одвојува коктелите од останатите пијалоци во оваа листа се битерите (горките пијалоци).

Првата „коктел забава“ е наводно организирана од госпоѓата Џулиус С. Волш од Сент Луис, Мисури, во мај, 1917г. Госпоѓата Волш поканила 50 гости во нејзиниот дом на пладне во Недела. Забавата траела еден час, се до послужувањето на ручекот во 13:00 часот. Местото на одржување на оваа прва коктел забава сè уште постои. Во 1924 г. Римокатоличката архиепископија на Сент Луис гo купила дворецот на Волшови на Линдел булеварот, број 4510, и до ден денес служи како резиденција на локалниот архиепископ.[8]

За време на прохибицијата во САД (1920-1933г.), кога алкохолбите пијалоци биле забранети за употреба, коктелите се консумирале илегално во простории познати како speakeasy. Квалитетот на пијалоците за време на прохибицијата бил мошне полош од порано. Имало премин од виски на џин, пијалок кај кој не бил потребен процес на стареење и пијалок кој бил полесен за незаконско произведување.[9] Медот, овошните сокови и останатите ароматизери биле послужувани со цел да го прикријат полниот вкус на алкохолните пијалоци. Слатките коктели биле полесни за пиење набрзина, важен аспект при евентуални ненадејни упади на претставници на власта со цел контролирање на нарушување на прохибицијата.

Коктелите ја изгубиле својата популарност во доцните шеесетти и за време на седумдесетите години, се до појавувањето на вотка како замена на оригиналниот џин во пијалоците, како кај коктелот мартини. Традиционалните коктели и џинот се вратиле во мода, во 2000 години.[10]

Во септември 2005, археологот Патрик Мекговерн, од Универзитетот во Пенсилванија објавил откритие на земјени садови од Месопотамија стари 5000 години, пронајдени на бреговите на реката Тигар, помеѓу Иран и Ирак што содржеле траги на тартарна киселина, мед, сок од јаболка и јачмен. Мекговерн, овој коктел го опишува како „грог“.

Историчарот на коктелите, Дејвид Херпин тврди дека коктелите датираат од 1811-1819 г. и „потеклото на коктелите било мистерија дури и пред 100 години, но постојат многу прилично силни индикатори што би сугерирале дека името е изведено од еден тип на тркачки коњ. Многу е веројатно Сазераковото тврдење дека коктелот за него виден како бренди, бил речиси сигурно компонента на оригинален коктел и бренди коктел кој претходел на производот компанијата на Сазерак со најмалку 60 години.“[11]

Останати значења на зборот коктел[уреди]

Пинаколада - коктели со парчиња кокос.

Зборот коктел понекогаш се употребува фигуративно, кога се мисли на мешање на течности или други супстанци. Пример за таква употреба е: „ 120 години на индустрија ја загади околната почва со опасен коктел на тешки метали и хемиски загадувачи.“

Импровизирани запаливи бомби изработени од шише со запалива течност (обично бензин) со запалено парче ткаенина на грлото е познато како „Молотов коктел“.

Комбинации на лекови користени за третирање на различни болести, често се нарекуваат „коктел од лекови“, на пример "AIDS cocktails."[12]

Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. OED cocktail, n.
  2. Thomas, Jerry (1862). „How To Mix Drinks“. 
  3. Regan, Gary (2003). „The Joy of Mixology“. Potter. 
  4. DeGroff, Dale (2002). „The Craft of the Cocktail“. Potter. 
  5. Jared Brown & Anistatia Miller (2009). „Spirituous Journey: A History of Drink, Book Two“. Mixellany Limited. ISBN 0-9760937-9-0. 
  6. David Wondrich (2007). „Imbibe!: From Absinthe Cocktail to Whiskey Smash, a Salute in Stories and Drinks to "Professor" Jerry Thomas, Pioneer of the American Bar“. Perigee Trade. ISBN 0-399-53287-0. 
  7. The Balance and Columbian Repository, May 13, 1806, No. 19, Vol. V, page 146
  8. Felten, Eric. „St. Louis -- Party Central“, „The Wall Street Journal“, 6 октомври 2007.
  9. Eric Felton. „Celebrating Cinco de Drinko“, Wall Street Journal, 28 ноември 2008.
  10. Anthony Dias Blue (2004). „The Complete Book of Spirits“. HarperCollins. стр. 58. 
  11. Expert Master Mixologist David Herpin The Cocktail Family of Drinks, The Complete History of The Cocktail Family of Drinks.ASIN: B006CYMUHY November 23, 2011
  12. http://www.aliveandwell.org/html/aids_drug_fact/aidsdrugfact.html; http://www.usatoday.com/news/health/aids/2001-11-06-aids-johnson.htm

Надворешни врски[уреди]