Заветрени Острови
Заветрените Острови се островска група во северниот дел на Малите Антили, источно од Порторико. Се протегаат јужно до Доминика, каде се дел од Западните Инди. Сместени се во североисточниот дел на Карипското Море, кајшто морето се спојува со западниот дел на Атлантскиот Океан. Јужниот дел од архипелагот Мали Антили се нарекува Приветрени Острови. Овие острови се под управа на разни држави, зависно од нивната територијална надлежност.
Содржина |
[уреди] Име
Островите се нарекуваат „заветрени“ бидејќи воздушните струења продираат главно од исток (пасати) и со тоа се во заветрина.
[уреди] Историја
Во дамнешни времиња, домордни жители на островите биле Карибјаните (по кои се наречени и самите Кариби), како и народот Таино. Некои од нивните потомци и денес сживеат на островите.
Овие острови биле меѓу првите територии што потпаднале под власта на Шпанската империја. Првите контакти со мештаните ги остварил Кристофер Колумбо за време на неговото второто патување, и токму од ова време датираат многу од топонимите на островите.
[уреди] Острови
Од северопазад кон југоисток:
- Порторикански Девствени Острови: Вјекес, Кулебра
- Американски Девствени Острови: Сент Томас, Сент Џон, Сент Крои, Вотер (САД)
- Британски Девствени Острови: Јост Ван Дајк, Тортола, Вирџин Горда, Анегада (Обединето Кралство)
- Ангилја (Обединето Кралство)
- Свети Мартин (Франција/Холандија)
- Свети Вартоломеј (Франција)
- Саба (Холандија.)
- Свети Евстахиј (Холандија)
- Свети Кристофер
- Невис
- Барбуда
- Антигва
- Редонда
- Монтсерат (Обединето Кралство)
- Гваделуп (Франција)
- Доминика (понекогаш се вбројува)
Тука може да се вклучи и малиот оддалечен остров Авес.
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Заветрени Острови“ |
- „Весник на Заветрените Острови“ со слики и текст - Дигитална библиотека на Карибите (англиски)
- „Весник на Антигва, Монтсерат и Девствените Острови“ со слики и текст - Дигитална библиотека на Карибите (англиски)