Пица

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пица

Пица (италијански pizza, збор најверојатно кој потекнува од глаголот pìnsere = да се плеска или од балканско-медитеранскиот збор пита) е гастрономски специјалитет на италијанската кујна, најчесто направен од тенко, округло тесто на кое покрај сосот од домати можат да се најдат разни видови сирење, месо, зеленчук, овошје, зачини и други состојки во зависност од вкусот. Инвентивноста на вкусот може да се надополни и со креативноста на распоредот на самите состојки на пицата кои можат да бидат распоредени во форма на орнаменти или други интересни фигури. Инаку, ова јадење се смета како особена карактеристика за наполитанската кујна.

Денас пицата е мошне популарно јадење во светот, пре сѐ поради евтините и лесно достапни состојки како и поради едноставноста на нејзината подготовка.

Содржина

Историја [уреди]

Фокача,италијанско јадење, вид на пита

Потеклото на пицата е доста контроверзна тема[1]: имено, многу градови како Неапол и Џенова сметаат дека се „татковците“ на пицата. Всушност, со оглед на тоа дека се работи за еден вид на леб, таа е присутна во многу различни варијанти насекаде низ светот и во зависност од нејзините состојки како и од локалните гастрономски традиции, нејзиното потекло не е сосем историски потврдено.

За војниците на персискиот цар Дариј Велики, кои биле навикнат на долги маршови, се вели дека на своите штитови печеле некаков вид леб и на него додавале сирење и урми. Римскиот историчар Марко Порциј Катон во 3 век пред новата ера опишал еден вид „округло тесто премачкано со маслиново масло, зачини и мед испечено на камен“. Вергилиј во својата „Енеида“ опишал колачи или тенок леб.

Од ископините во Помпеја која вулканот Везув ја затрупал во 79 година, пронајдени се остатоци од округли печива. Во готварската книга на Марко Гавиј Апиј наведени се состојките кои се додаваат на подлогата од печивата: пилешко месо, ананас, сирење, лук, нане, пипер и масло, кои воедно се и состојките на денешните пици.

Во Средниот век слугите ги јаделе остатоците од храната на своите господари, што било вообичаено. Тие остатоци ги ставале на парче леб, ќе ги полиеле со некој сос, ги зачинувале со она што би им се нашло при рака и ги ставале во рерна да се загреат. Доматот е донесен во Европа од Перу во 16 век. Сиромашното население од Неапол додавало домати на своето јадење и така ја создало пицата каква денес е позната низ целиот свет.

Самиот збор пица (pizza) прв пат се појавил во 997 година во ракописот од Гаете (Gaete), град во Јужна Италија.

Подготовка [уреди]

Обликување на тестото
Печка на дрва

Како подлога за пица обично се употребува тесто од класично брашно (тип 500). Тестото се прави од брашно, свеж или сув квасец, млака вода, сол, шеќер и маслиново масло. По мешањето на смесата, тестото се остава да отстои најмалку 3-4 саати и потоа се прави тенка подлога со дебелина од 0,5-1cm. На така подготвената подлога се ставаат останатите состојки на пицата[2]: доматен сос, свеж домат, сирење (најдобро моцарела), шунка, шампињони и слично. Многу состојки на пицата се ставаат по печењето, со цел да се зачуваат вкусот и формата (пршута, јајца, маслинки, пармезан, зачини итн). Исто така, некои состојки се подготвуваат посебно и се додаваат на готова пица, како на пример разни видови зеленчук и морски плодови. Кога е сѐ подготвено, пицата се става на печење. Рерната мора да биде максимално загреана со цел тестото веднаш да почне да се пече и да не ги впие состојките кои се на него. Кога сирењето ќе се растопи и тестото ќе ја смени бојата, пицата е готова.

Еден вид на пица е и таканаречената панцерота, која е затворена пица (завиткана) и истата може да се пече во рерна или да се пржи на масло.

Видови пици [уреди]

Пица Маргарита

Хранливи вредности на пицата [уреди]

Пицата - симбол на Италија и на италијанската кујна во светот, мошне е ценета поради нејзините готварски и нутриционистички вредности и истата е нашироко советувана како храна од страна на нутриционистите кои ја сметаат за дел од медитеранската исхрана[3].

Најпознатата пица, пицата Маргарита, содржи бројни хранливи состојки: јагленихидрати во форма на скроб во брашното, растителни масти присутни во маслиновото масло како и животински масти кои се присутни во моцарелата од биволица или во павлаката, животински белковини (повторно присутни во моцарелата).

Сепак, овие неоспорни квалитети на пицата не смеат да направат да заборавиме дека пицата не е хипокалоричен производ пригоден за секаков режим на исхрана: една пица Маргарита од 300 грама. има хранлива вредност од 800 калории од кои најголемиот дел доаѓаат од јагленитехидрати (околу 75%).

Места каде што се јаде пица [уреди]

Пица на парче
Северноамериканска пица
Пица „Чикаго-стил“

Местата во кои се подготвува, се служи и се јаде пицата се нарекуваат пицерии. Пицериите се вид на ресторани и се еден вид „амбасади“ на италијанската кујна во светот.

Како последица на огромниот број на италијански емигранти, Њујорк е град кој бележи најголем процент на консумација на пици, а по него следи Сао Паоло во Бразил со 30 милиони консумирани пици месечно[4].

Во САД постојат синџири на пицерии од кои можеби најпознатата е пицеријата Хат (англиски pizza Hut), која има отворено сопствени ресторани во 86 земји во светот.


Занимливости [уреди]

Наводи [уреди]


Надворешни врски [уреди]