Домат

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Домат
Напречен пресек и целосен зрел домат
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Зрновидни
Фамилија: Зрнци
Род: Зрнец
Вид: Домат
Биномен назив
Solanum lycopersicum
L.
Синоними

Lycopersicon lycopersicum
Lycopersicon esculentum[1]

Домат (науч. Solanum lycopersicum, разг. „патлиџан“) — едногодишно растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Се употребува за исхрана на луѓе и животни. Во Македонија во 2010 година се произведени 168 010 тони домати.[2]

Историја[уреди]

Домат - „рајско јаболко“

По потекло е од Централна, Јужна и од јужните краеви на Северна Америка - од Мексико до Перу. За прв пат ја опишал лекарот и ботаничар Матиоли во 1554 година. Поимот „домат“ е изведен од ацтечкиот збор томатотл, навлезен преку неговиот хиспанизиран облик tomate.

Употреба[уреди]

Црвени домати, сирови
Хранлива вредност по 100 гр
Енергетска вредност 74 кЏ (18 ккал)
Јаглехидрати 4 гр
- Шеќери 2,6 гр
- Влакна 1 гр
Масти 0,2 гр
Белковини 1 гр
Вода 95 гр
Витамин А (еквив.) 42 μг (5%)
- лутеин и зеаксантин 123 μг
Витамин Ц 14 мг (17%)
Витамин Е 0.54 мг (4%)
Калиум 237 мг (5%)
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
 Извор: База за хранливостUSDA

Доматот е зеленчук што во исхраната се употребува: свеж, конзервиран, како сок, прелив (кечап - доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.

Опис[уреди]

Растението е повеќегодишни, но во умерениот климатски појас се одгледува како едногодишно. На површината е влакнесто и лепливо. Растението типично достигнува височина од 1 до 3 м и има слабо дрвенесто стебло кое често расти како ползавец со други растенија. Листовите се долги 10 до 25 см со назабен раб. Цветовите се со пречник од 1 до 2 см, со жолтеникава боја.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "Утврдено со молекуларни филогенетски анализи. Погл. Филигенетика на родот зрнец (Solanum) (англиски)
  2. Производство на домати: МакедонијаФАО (англиски)

Надворешни врски[уреди]