Печиво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Различни чајни печива.

Печиво е вид на храна која опфаќа различни производи на база на тесто. Се припремува по пат на печење од различни видови брашно, вода, зачини и други додатоци. Може да биде слатко и солено, празно или во комбинација со различни додатоци (како сирење, мармалад, мак). Примери за печиво се кифла, ѓеврек, кроасан (т.н. бели печива), чајно печиво и др. Понекогаш се служи заедно со кафе, јогурт или некој друг напиток.

Печивото се разликува од лебот по тоа што има повисока содржина на масти, што ја дава неговата крцкава или трошковидна текстура.