Лук

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Лук
Лук во фаза на растење.
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Скриеносемени
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Asparagales
Фамилија: Лукоцветни
Потфамилија: Allioideae
Племе: Allieae
Род: Кромид
Вид: A. sativum
Биномен назив
Allium sativum
Л.

Allium sativum L., попознат како лук, е вид на растение во фамилијата лукоцветни. Негови блиски сродници се кромидот, шалотот, празот и сибирскиот лук. Низ историјата, лукот е користен во кујнски и медицински цели. Има остра арома и вкус кој се разблажува во текот на готвењето. Луковицата од лукот, која е најчесто користена во исхраната, е поделена на повеќе месести делови наречени чешниња. Чешнињата се користат како семе, за исхрана (свежи или зготвени), како и во медицински цели. Листовите, стеблото и цветовите (наречени булбили) се исто така јадливи и најчесто се употребуваат додека се сѐ уште незрели и нежни. Единствен дел од лукот кој не се смета за јадлив е кожестата обвивка.

[уреди] Медицинска вредност

Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години, односно неговата примена во медицински цели е стара колку што и египетските пирамиди. Се смета дека лукот помага при срцеви заболувања, како атеросклероза, високо ниво на холестерол во крвта, висок крвен притисок и рак.

Истражувањата вршени на животни, како и на луѓе, укажале на можните придобивки од користењето на лукот за лекување на кардиоваскуларните болести. На пример, во едно чешко истражување се укажало дека лукот го снижувал нивото на холестерол во крвните садови на животните.

Во 2007, BBC објави дека лукот може да се корсти во превенцијата и борбата со настинката.

Користењето на лук во исхраната на лабораториски стаорци се покажало дека го зголемува нивото на тестостерон.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици