Праз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Праз
Праз
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
Ред: Шпаргловидни
Фамилија: Кокичиња
Род: Лук
Вид: Праз
L.
Биномен назив
Allium ampeloprasum
Синоними

Allium porrum L.

Стракови праз
Манифестацијата „Празијада“ во организација на Општина Василево, југоисточна Македонија.

Праз (науч. Allium ampeloprasum, syn. Allium porrum, празова група) — зеленчук од родот лук (Allium) заедно со кромидот и лукот, во состав на фамилијата кокичиња (Amaryllidaceae).[1] Денес постојат поголем број на сорти, речиси сите произлезени од овој вид.

Јадливиот дел на растението е страк од концентрични слоеви, додека пак самите лисја обично се одбегнуваат бидејќи се пожилави.

Во Македонија празот е застапен со две сорти: подолгиот „камуш“ и помалку застапената западноевропска сорта со помала должина.[2] Особено познат по својот квалитет е празот од Општина Василево, каде се одржува и годишната манифестација „Празијада“. Највеќе праз во државата се одгледува во василевското село Градошорци.[3]

Во Велс овој зеленчук има големо културно-историско значење и претставува еден од националните симболи на земјата.

Облик[уреди]

Наместо да има цврста луковица како кај кромидот, празот се завива во долг свиок од тенки слоеви. Поголеми растенија се одбиваат со делумно прикривање на младите стебла. Семето може да се из’ртува во стакленици, за потоа да се засади надвор при подобри временски услови. Откако ќе фати корен, празот е мошне издржлив — постојат многу сорти што се оставаат преку зима и се берат во потоплиот период.

Сорти[уреди]

Сортите на празот сочинуваат една сортна група.[4] Може да се поделат на неколку начини, од кои најзастапена е поделбата на „летни“, кои се берат во истата сезона) и „презимни“, кои се берат на пролет следната година. Летните се помали, а презимните се поголеми, со посилен вкус.

Одгледување[уреди]

Ова растение е лесно за одгледување од семе и може долго да стои во насадите откако ќе стаса за берба. Созреваат во есенските месеци и не страдаат од значајни болести и штетници. Можат да се берат и како млади. Особено добри празови се добиваат со надодавање земја околу растението.

Во кулинарството[уреди]

Свежиот праз е крцкав и цврст со вкус налик на кромид. Во готвењето се користи белиот и светлозелениот дел, но понекогаш и темнозелените листови.[5]

Празот се пригодтвува на разни начини: со варење, пржење или пак се служи сиров. Покрај разните варива и чорби, присутен е во пити и ќофтиња, како салата или како гарнир.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Stevens, P.F. (2001 onwards), „Angiosperm Phylogeny Website: Asparagales: Allioideae, http://www.mobot.org/mobot/research/apweb/orders/asparagalesweb.htm#Alliaceae 
  2. „Лукови култури: Праз“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.
  3. http://faktor.mk/archives/82386?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=prazijada-2013-vo-vasilevo-ovde-raste-najkvalitetniot-praz-vo-zemjava
  4. Brewster, James L. (2008). „Onions and other vegetable alliums“ (II издание). Wallingford, UK: CABI International. ISBN 978-1-84593-399-9.  стр. 30
  5. Librarie Larousse, уред (1984). „Larousse Gastronomique: The World's Greatest Cooking Encyclopedia“. The Hamlyn Publishing Group Limited. 

Надворешни врски[уреди]