Кокичиња
| Кокичиња | |
|---|---|
| Amaryllis belladonna. | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Нерангирано: | Скриеносеменици |
| Нерангирано: | Монокотиледони |
| Ред: | Шпаргловидни |
| Фамилија: | Кокичиња Ж.Ст.-Хил. |
| Родови | |
|
Видете листа на родови |
|
Фамилијата на кокичиња (на лат. Amaryllidaceae) вклучува многугодишни, монокотиледонски, цветни тревести растенија. Одредени членови порано погрешно се сместувани во фамилијата на лилјаните (Liliaceae). И денес во однос на овие две фамилии постојат недоразбирања, но според современата класификација, родовите во нив веќе се строго подредени. Постојат и случаи кога некои родови се мешаат со фамилијата на Лукови (Alliaceae). Најчесто подземниот орган (корен) на кокичињата е многу ситна (кокиче) или доста голема (Хипеаструм) луковица. Листовите се зелени, мембранести, без лисна дршка и со паралелна нерватура. Цветовите се со различна големина и доста разновидни. Обично се со пријатен мирис. Едни од најпознатите претставници се нарцисот и кокичето. Повеќето кокичиња се одгледуваат како украсни растенија, бидејќи имаат убави цветови. Меѓутоа, некои од видовите се загрозени и се заштитени со закон. Такво растение е, на пример, ворслејата. Фамилијата на кокичињата е нашироко распространета - таа вклучува видови кои виреат во многу различни услови. Некои се распространети во потоплите климатски зони (понекогаш пустини), но ги има и по влажни предели. Други цветаат по стопувањето на снеговите на планините.
Класификација[уреди]
Во фамилијата Amaryllidaceae спаѓаат следните родови: