Кокиче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кокиче
Обично кокиче.
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Монокотиледони
Ред: Asparagales
Фамилија: Amaryllidaceae
Род: Galanthus
L.

Родот кокиче (на лат. Galanthus) вклучува околу 20 видови на ниски, монокотиледонски и многугодишни растенија кои и припаѓаат на фамилијата на кокичиња. Најпознат вид е Galanthus nivalis. Подземниот орган на сите претставници на овој род е ситна луковица. Кокичињата се распространети најмногу во умерениот климатски појас, каде има снежна и студена зима. Тие се првите растенија кои цветаат во пролет, и тоа пред да се стопи снежната покривка. Нивните листови се мембранозни, нежно зелени, со паралелна нерватура и немаат лисна дршка. Имаат снежно бели венечни ливчиња (6 на број), кои речиси се целосно сраснати. Тие имаат многу пријатен мирис. Само надворешните три венечни ливчиња се разделени, додека останатите се сраснати. Во нивната средина се наоѓаат толчникот и плодникот.

Класификација[уреди]

Родот кокиче (Galanthus) ги вклучува следните видови: