Рафаеле Еспозито
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Рафаеле Еспозито (итал. Raffaele Esposito) бил италијански гостилничар од XIX век, сопственик на меаната „Пицерија ди Пјетро е Баста Кози“. Некои велат дека тој е татко на современата пица, со тоа што приготвил една пица за кралицата Маргарита од Савоја во 1889 г. за да ѝ приреди добредојде во Неапол. Бидејќи сметал дека традиционалниот мастраф со лук е недостоен за кралска уста, Еспозито решил да стави домати, моцарела и босилек, чии бои ги симболизираат боите на италијанското знаме. Оваа пица ја нарекол „пица Маргарита“, истата која и нам ни е позната до ден денес.
Надворешни врски[уреди]
- Музеј на историјата на пицата (англиски)