Гастрономија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Регионални продукти од Франција

Гастрономија (од старогрч. гастрос „стомак“, и номос „знаење“ или „закон“) е наука за соодносот помеѓу културата и храната. Честопати поимот гастрономија погрешно со поврзува исклучиво само со готвењето. (видете Кулинарство), но тоа е само мал дел од оваа дисциплина: не секој готвач е и гастроном. Гастрономијата изучува различни културни компоненти со храната како точка на фокус. Така, таа е сродна на убавите уметности и општествените науки, па дури и на природните науки во контекст на варењето на храната во човековото тело.

Главните активности на гастрономот се откривање, испробување, искусување на храна, вршење истражувања за храна, утврдување на наученото и пишување за истата. Затоа гастрономијата е интердисциплинарна активност. Проникливото набљудување нѐ доведува до заклучокот дека околу храната постојат и танц, драматургија, сликарство, вајарство, книжевност, архитектура и музика; со други зборови, убави уметности. Но таа подразбира и физика, математика, хемија, биологија, геологија, агрономија, како и антропологија, историја, философија, психологија и социологија. Примената на научните знаења врз готвењето и гастрономијата се нарекува молекуларна гастрономија.

Прв формален третман на гастрономијата наоѓаме во книгата Психологија на вкусот од францускиот гастроном Жан Антелм Брија-Саварен (ран XIX век). Наспроти традиционалните готварски книги, ова дело го изучува соодносот помеѓу сетилата и храната, третирајќи го уживањето на трпезата како наука. Во последно време забележуваме посебна посветеност на принципите на гастрономијата со основањето на движењето Бавна храна (Slow Food) во 1986 година, кое во 1989 година прераснува во организација, денес пристуна во 160 земји со 1300 локални ограноци, наречени конвивиуми. Организацијата во 2004 година отвора Универзитетот за гастрономски науки во Бра, Италија. [1]

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Универзитет за гастрономски науки (англиски) (италијански)

Надворешни врски[уреди]