Агрономија
Агрономијата (од ст.грч. ἀγρός = „нива“ и νόμος = „закон“)[1] е наука и технолошка дисциплина што се занимава со одгледувањето и искористувањето на растенија за храна, гориво, ткаенини и мелиорација на земјиштето. Во нејзината дејност влегуваат проблематики како растителната генетика и физиологија, метеорологијата и науката за почвите. Како поле на активност, агрономијата претставува примена на повеќе науки како што се биологијата, хемијата, економиката, екологијата, геонауката и генетиката. Стручњаците што се занимаваат со агрономија се нарекуваат агрономи се занимаваат со производството на храна, создавање на поздрави храни, управување со влијанието на земјоделството врз животната средина и добивање на енергија од растенијата.[2] Поединечните агрономи имаат разни специјалности: плодоред, наводнување и дренажа, расплодување на растенијата, растителната физиологија, класификација на почвите, плодноста, заштитата од плевел, инсекти и штетници и тн.
Содржина |
Одгледување на растенија [уреди]
Ова поле на агрономијата се занимава со слективно одгледување на растенијата со цел да се добијат најповолни карактеристики под извесни услови. Со ваквите методи научниците имаат постигнато значително зголемени приноси поголема хранлива вредност кај многу култури, меѓу кои пченката, сојата и пченицата. Покрај тоа, добиени се и нови сорти и типови на растенија, како што е хибридната житарка тритикале со вкрстување на ’ржот и пченицата. Културата тритикале содржи највеќе искористливи белковини, повеќе од ’ржот и пченицата. Агрономијата е од клучно значење и за развојот на методите на одгледување и производство на овошје и зеленчук. Агрономот има задача да се погрижи еден полјоделски или градинарски производ да ги задоволи следниве услови: 1. Пристап до земја и вода, 2. Пазарна погодност, 3. Квалитет и квантитет, 4. Осигурување од ризици, 5. земјоделско кредитирање
Биотехнологија [уреди]
Агрономите се служаат со биотехнологија за да го подобрат и прошират развојот на пожелните особености кај културите.[3] Технолозите работат во лаборатории и вршат опити во контролирани услови, но и на самите полиња со цел да го испробаат растението и да го проследат неговиот развој.
Покрај зголемувањето на приносот, биотехнологијата сè повеќе се посветува на непрехранбени задачи. Значаен пример е прилагодувањето на маслодајни растенија за добивање на масни киоселини за детергенти и како замена за горива и нафтени деривати.
Наука за почвите [уреди]
Друга задача на агрономијата е да изучува одржливи начини на искористување на почвата, која истовремено ќе биде поплодна и подоходовна. Тука спаѓа класификацијата на почвите и нивна репродукција, со цел да се утврди дали содржат супстанции неопходни за растенијата како што се соединенијата на азот, фосфор и калиум. Доколку некоја почва е сиромашна со некоја материја, тогаш истата се збогатува со ѓубрива. Науката за почвите го проучува движењето на хранливите материи во почвата, колку материи примаат корењата како и развојот на корењата и нивниот однос со почвата.
Агроекологија [уреди]
Агроекологијата се занимава со управувањето на земјоделски системи со посебен нагласок на екологијата.[4] Во потесна врска со неа се применетите дисциплини и практики како одржливото земјоделство, органско земјоделство, развојот на алтернативни системи на добивање на храна и други култури.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ „Македонска енциклопедија“. Скопје: МАНУ. 2005. стр. 15.
- ↑ Јас сум агроном! (англиски)
- ↑ За меѓународни закони за животната околина (англиски)
- ↑ Агроекологија (англиски)
Литература [уреди]
- Шифер, Крег С.; Монкада, Кристин М. (2011). „Вовед во агрономија : храна, земјоделски култури и животна средина“. прев. Марија Николова. Скопје: Арс ламина. ISBN 978-608-229-086-7. (библ.)
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Агрономија“ |
- Европско друштво за агрономија (англиски)
- Национална земјоделска библиотека на САД (англиски)