Јагула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европска јагула
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Ред: Anguilliformes
Фамилија: Anguillidae
Род: Anguilla
Вид: A. anguilla
Биномен назив
Anguilla anguilla
(Linnaeus, 1758)

Охридската јагула, која ги населува водите од езерата и реките кои му припаѓаат на јадранскиот слив, припаѓа кон фамилијата европски јагули, една од 16 видови слатководни од поширокото смејство на 400 виидиви, главно морски змиести риби обединети под ова име.

Според некои процени јагулите настанале уште во периодот од пред 140-65 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите. Оваа јагула ги населува сите природни воодотеци што се поврзани со морето, а кои не се преградени со природни или вештачки пречки. Долгото плоскаво тело може да достигне должина од 200 см. и тежина од 6 кг. Ова се максималните вредности, кои важат само за женските примероци, додека машките се значително помали и достигнуваат максимум 50 см. должина и тежина од 200 г.

Телото е покриено со мали, речиси невидливи лушпи под кои се наоѓа развиен систем од капилари за апсорбирање кислород од воздухот и од водата, која го потпомаг дишењето преку жабрите. Во вода 15% од кислородот се внесува преку овој систем, а надвор од неа дури 50% од кислородот се апсорбира преку кожата. Ова им помага да поминат некои помали растојанија по копно, за време на нивните долги и мистериозни патувања. Обликот на телото ја вбројува јагулата како еден од послабите пливачи меѓу рибите, иако тие во вода можат да постигнат завидни 35 км на час. Најмногу се осетливи на температура, потреси, а имаат и извонредно развиен осет за мирис и широки носни празнини, додека видот им е послабо развиен. Според некои истражувачи овие предаторски риби, освен што се хранат во вода, при посебни околности можат да излезат и надвор од неа и таму да го побараат својот оброк во некој полжав, црв или растение.

Активни се само ноќе, а преку денот се вклопуваат во тиња на дното. Таму ја поминуваат и зимата, притоа воопшто без храна. Како и другите риби што живеат во близина на дното, тие меѓусебно комуницираат со електрични импулси, кои освен тоа служат и за опоменување на непријателот. Богатството на протеин и особено масти според хранливоста ги издвојува јагулите од другите риби. Месото на јагулата може да содржи повеќе масти дури и од свинското месо. И покрај сите овие специфичности според кои веќе можеме да кажеме дека се работи за навистина необичен вид, најголемо чудо во врска со нивната егзистенција, со се уште многу неодговорени прашања, е нивниот развој и миграција поврзани се со нивниот репродуктивен циклус.

Развојот на сите видови јагули од оваа европска група е ист. Во десетата година женките, а во дванаесетата мажјаците достигнуваат полова зрелост. Кога ќе се случи ова во текот на пролетните и летните месеци јагулата почнува интензивно да се храни со се што може да улови, складирајќи резерви и зголемувајќи ја својата маса за 6% притоа менувајќи ја бојата. Тоа е само почеток на трансформациите. Очите се зголемуваат заедно со другите промени на главата на рибата. Потоа јагулите престануваат да се хранат, а дигестивниот систем целосно се им атрофира за сметка на половите органи, кои тогаш почнуваат и многу брзо се развиваат. Некои типови, благодарение на метаморфозата можат да гладуваат и до три години пред полово да созреат. Сите овие промени се подготовки за големата миграција шро претстои. Метаморфозата завршува есента и јагулите го чекаат почетокот на дождовната сезона, која заедно со температурните промени се знаците што ги чекаат собрани во огромни групи излезени од реките. Патувањето почнува низ течението на реките исклучиво ноќно време, неретко проследено со силни бури, обилни дождови и без месечина.

Бранувањето, секакви видови потреси на кои се исклучително чуствителни им помагаат во ориентација на почетокот. Групирани во топчести јата тие заради сигурност се држат на блиско растојание од брегот движејќи се исклучиво по десната страна на реките. Кога пристигнуваат до морето ним им се придружуваат мажјаците, кои групирани чекаат во делтите и крајбрежните подрачја. Всушност, сите примероци, кои поголемиот дел од својот живот го поминуваат во слатките води на езерата и реките, се исклучиво женки. Оттаму јагулите тргнуваат кон своите мрестилишта. Сите јагули од Европа, Персискиот залив, северниот и западниот Африкански Брег се мрестат во Саргаско Море, меѓу Бермуските Острови и Порторико. Искористувајќи ги морските струи и сопственото движење, патувањето на европската јагула до мрестилиштета трае повеќе од една година.

Тука женките ја полагаат икрата на голема длабочина, од 500-1.000м. По што мажјаците ги оплодуваат милионите јајца што слободно пливаат. По ова возрасните јагули угинуваат од исцрпеност завршувајќи ја својата мисија. Флотирачките јајца постепено се издигнуваат на површината изведувајќи се во ларви. Воедно, со развојот почнува и нивното хоризонтално движење препуштено на морските струи и нивниот пат назад. Патувањето трае три години, време за кое ларвите доживуваат маетаморфоза во неколку за да стигнат до делтите на реките во форма на сталкести јагули. Тука настанува пофторна метаморфоза и нивно развивање во млади јагулчиња. Уште една значајна и мистериозна промена настанува во оваа точка на нивниот развој. До овој момент на нивниот развој јагулите се половно недефинирани и хемрафродитни.

Оние единки што се предиспонирани да станат женки го почнуваат својот пат во реките и слатките води. Кај нив настанува промена на бубрезите за да можат да го продолжат животот во слатките води и нараснуваат со поголеми димензии од мажјаците, кои остануваат во делтите. Најинтересен е половиот диморфизам на јагулите определен од надворешни услови, односно од солената вода. Дури и полово диференцираните единки кога ќе ја променат средината го менуваат полот. Женките вратени во солена вода стануваат мажјаци и обратно, во солена вода стануваат мажјаци и обратно, што е експериментално потврдено. Враќањето спротивно од текот на реките е спектакуларно. Милиони јагули се движат во густа темна маса долга и по неколку километри, но спротивно од заминувањето на нивните родители, ја држат исклучиво левата страна на реката.

За време на изградбата и неколку години по изградбата на браните Шпилје и Глобочица, вработените се сеќаваат на густи црни маси јагули, кои се собирале пред браните барајќи сигурен премин, со што доаѓаме до проблемот на македонската јагула. Со тоа јагулите се претворени во еден вид аквариумска риба без природниот систем на самообновување, која и покрај порибувањето константно го намалува својот број. Се уште не е разјаснет компликуваниот механизам на наследување на информациите од возрасните единки кон младите ембриони оставени во Саргаското Море, кои во нормални услови го пронаоѓаат точниот пат назад до регионите, реките и езерата од кои потекнуваат нивните родители. Се претпоставува дека информациите се пренесуваат преку мирисите собрани од возрасните единки за време на нивното патување, и впишување во латентната меморија на се уште неразвиените ларви. Но сепак верувајќи во природата, извонредната моќ за адаптација на јагулата и нејзиното тврдоглаво опстојување и покрај негативните активности на човекот, ни останува да се надеваме дека е возможно повторно природно населување на јагулата во Охридското езеро со сета нејзина природа и чудесност.

Литература[уреди]

  • Мишо Христовски, Драган Ангеловски „Проблемот со македонската јагула“, Национален форум за заштита на животните на Македонија, Скопје, 1999.

Надворешни врски[уреди]