Везув
Од Википедија
Везув е еден од четирите активни вулкани во Италија на истоимената планина. Вулканот се наоѓа на брегот на Неаполскиот Залив во близина на италјанскиот град Неапол, па населението од овој град е во непријатно исчекување на активирањето на вулканот. Овој вулкан е познат во историјата по големата ерупција од 79 година кога биле погодени и уништени римските градови Помпеја и Херкуланеум. Оттогаш вулканот еруптирал многу пати со што предизвикал соодветни штети.
Според античките Грци планината Везув е посветена на грчкиот митолошки јунак Херкулес, во чија чест градот Херкуланеум го добил името.
Содржина |
[уреди] Потекло на името
Името на Херкулес, син на Зевс често се наоѓа и како Huesou hios (син на Хеус), со транслитерација на ou во V и на неколку други слогови како hy го дава зборот VESVVIVS - Vesuvius Исто така значаен е и зборот од осканскиот јазик festf што значи чад, и прото-индиско-европскиот корен ves што значи карпа (најверојатно магматска карпа).
[уреди] Формирање
Вулканот се формирал со две тектонски поместувања, на Африка и Евроазија. Претходниот го подбутнал подолу подоцнежниот, а од кората се создала магма. Бидејќи магмата е полесна од карпата, таа се придвижувала нагоре кон послабите места на земјината кора формирајќи вулкан. Карпите на вулканот коишто постојат денес се стари околу 25.000 години.
[уреди] Ерупции
Вулканот Везув еруптирал повеќе пати, а се претпоставува дека неговата прва ерупција била околу 1800 г.п.н.е., уште во бронзеното време. Но, ерупциите на вулканот многу зачестиле по големата ерупција во 79 г., па така вулканот еруптирал во 172, 203, 222, можеби во 303, 379, 472, 512, 536, 685, 787, околу 860, 900,968, 991, 999, 1006, 1037, 1049, околу 1073, 1139, 1150, како и во 1270,1347 и 1500. Вулканот повторно еруптирал во 1631, 6 пати во XVIII век, 8 пати во XIX век (познато за 1872), како и во 1906, 1929 и 1944 година кога е најсилната ерупција од 79 година со 49 жртви.
[уреди] Иднина
Според италијанскиот геолог Франческо Русо, шансите Везув повторно да еруптира во наредните сто години се 27 проценти, а мерките за заштита на населението, според Русо, не се соодветни. Доколку Везув се разбуди, загрозени ќе бидат околу 600 илјади луѓе, кои можеби не би успеале да се евакуираат сите.
[уреди] Извор
Дневник весник, Везув може да се разбуди, сабота, 31 јануари 2009, Скопје, РМ.