Мед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Emblem-question.svg Оваа статија или некој нејзин дел можеби содржи оригинално истражување или содржина од непроверени извори. Ве молиме да и помогнете на Википедија со додавање на референци. Види страница за разговор за повеќе информации.
Тегла со мед

Медот е слатка храна произведена од пчели (и некои други видови) која произлегува од нектарот на цветовите. Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза која е приближно иста како таа на гранулиран шеќер (97% од сладост на сахароза, т.е., Дисахарид). Медот има атрактивни хемиски својства за печење, и еден специфичен вкус, кој тера некои кувари да го употребуваат наместо шеќер или други засладувачи. Повеќето микро-организми не прераснуваат во медот поради недостаток на вода. Сепак, медот најчесто содржи латентни црти на бактеријата Clostridium botulinum, која може да биде опасна за доенчиња бидејќи може да се трансформира во бактерија која произведува отрови во недораснат интестинален тракт, што може да доведе до болест, па дури и смрт. Главното влијание на пчелите при собирање нектар и правење мед е опрашувањето, кое е од клучно значење за цветните растенија. При одгледувањето, пчеларите настојуваат за хиперпродукција на мед така што вишокот може да се земе без загрозување на пчелите. Кога изворите на храна за пчелите се мали, пчеларите може да им дадат на пчелите дополнителна исхрана. Дополнителната исхрана обично доаѓа во форма на шеќер (сахароза) која се меша со вода.

Наводи[уреди]

  • М.Ханис, Н.Фрузовски: Аналогија на модерните култови. Топер, Скопје, 2008-2009
  • М.Тодорчев: Со урбана свест, кон подобар свет. Просветно дело, Скопје, 2009