Видое Подгорец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Видое Подгорец
Роден/а8 јуни 1934
Колешино, Македонија
Починат/а14 април 1997
Скопје, Македонија
Занимањеписател, уредник, просветен инспектор
НационалностМакедонец
ОбразованиеВиша педагошка школа
Апсолвент наСкопски универзитет
Период1956-1997
Предметпоезија и проза за деца и возрасни, книжевна критика и есеистика, патописци
Книжевно движењесовремена македонска книжевност
Значајни делаБелото циганче
Значајни награди„Младо поколение“, „13 Ноември“, „Климент Охридски“ и др.

Видое Подгорец (Колешино, 8 јуни 1934 - Скопје, 14 април 1997) — еден од најплодните македонски писатели, патописец, поет, раскажувач и романописец за деца и возрасни. Припадник е на втората генерација македонски писатели. Објавил голем број стихозбирки, раскази и романи.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Видое Подгорец е роден на 8 јуни 1934 година во струмичкото село Колешино, во сиромашно семејство. Во родното село завршил основно училиште, а во 1950 година завршил учителска школа во Штип. Потоа, со неполни шеснаесет години, почнал да работи како учител. Поради сиромаштијата, не бил во состојба редовно да ги следи предавањата на Скопскиот универзитет, па затоа, студирал како вонреден студент. Во 1956 година, дипломирал на Вишата педагошка школа, а во јуни 1959 година дипломирал на Филозофскиот факултет, на групата за југословенска книжевност. Најпрвин, работел како учител, а потоа како наставник и професор, па три години работел како училиштен инспектор за Штипската околија, а во 1962 година се вработил во Скопје, во „Нова Македонија“, т.е. во редакцијата „Детска радост“, како уредник на детските списанија „Другарче“ и „Наш свет“.[2] [3] Својот работен век го завршил како директор и главен уредник во НИК „Наша книга“. Починал на 14 април 1997 година во Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 година.[4]

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Видое Подгорец започнал да пишува додека бил ученик во учителската школа во Штип, а малку подоцна, непосредната работа со децата (како учител) имала пресудно влијание за неговата определба за детската книжевност. Подгорец спаѓа во редот на најпопуларните и најплодните македонски писатели: само во првите десетина години од своето творештво, веќе објавил околу триесет книги! Неговите дела се преведувани на повеќе јазици, и тоа: српски, хрватски, словенечки, турски, албански, руски, украински, полски, чешки, словачки, бугарски итн. Тој пишувал поезија и проза за возрасни и за деца, а се занимавал и со книжевна критика и есеистика, а покрај тоа, има објавено серија патописи од неговите патувања по Блискиот Исток. Во продолжение, тој е автор на неколку телевизиски сценарија за детски игри, како и на две радио-драми за деца: „Незавршена приказна“ (заедно со Михо Атанасовски) и „Чудесно патување“. Исто така, тој е уредник на две антологии: „Гулаб на мирот“(избор на раскази за деца) и „Вртешка“ (избор на песни за деца). Во 1969 година, издавачката куќа „Наша книга“ од Скопје објави избор од делата на Подгорец во десет книги.

Дела[уреди | уреди извор]

Биста на Видое Подгорец во истоименото училиште во родното Колешино.

Подгорец оставил богато книжевно творештво:[5]

  • Развигорче (поезија за деца, 1956)
  • Мугри над тополите (поезија, 1958)
  • Уморно лето (поезија, 1958)
  • Прости ми, канаринке (раскази за деца, 1958)
  • Топли гнезда (раскази за деца, 1959)
  • Горско кладенче (поезија за деца, 1960)
  • Неспокојно детство (раскази за деца, 1961)
  • Шумскиот разбојник (раскази за деца, 1962)
  • Тихо доаѓаат соништата (поезија за деца, 1963)
  • Сенки на ѕидот (раскази за деца, 1963)
  • Деца под печурки (раскази за деца, 1964)
  • Ајдучка чешма (роман за деца, 1964)
  • Сребрена школка (песни за деца, 1965)
  • Песни и сказни (песни и раскази за деца, 1966)
  • Задкарпатска повест (роман за деца и млади, 1966)
  • Белото Циганче (роман за деца и млади, трилогија, 1966)
  • Време на љубовта (поезија, 1967)
  • Туника (раскази за деца, 1967)
  • Чудесно патување (раскази за деца, 1967)
  • Две солзички (раскази за деца, 1967)
  • Отиде со жеравите (раскази за деца, 1967)
  • Над лулката (поезија за деца, 1967)
  • Вечерни ѕвона (поезија, 1968)
  • Весела азбука (поезија за деца, 1969)
  • Аз, буки, веди... (повест, 1969)
  • Шарени бродови (раскази за деца, 1969)
  • Чисти раце (раскази за деца, 1969)
  • Сивиот одмаздник (раскази за деца, 1969)
  • Ливада на соништата (раскази за деца, 1969)
  • Прокудени птици (роман за деца и млади, 1969)
  • Овчарчето Бош (роман за деца и млади, 1969)
  • Илјада цветови (поезија за деца, 1969)
  • Рајна Војвода (роман за деца и млади, 1971)
  • Пустини и оази (патописи, 1971)
  • Првото писмо (роман за деца и млади, 1972)
  • Бигорна љубов (роман за млади, 1973)
  • Пепел и цвет (роман за млади, 1974)
  • Писма од Африка (патописи, 1976)
  • Македонска голгота (роман, 1978)
  • Пожар потоа пепел (поезија, 1978)
  • Зарастен бунар (поезија, 1978)
  • Истрча белиот коњ (роман за деца и млади, 1978)
  • Бродот „Брезова кора“ (раскази за деца, 1978)
  • Пиринскиот цар (раскази за деца, 1980)
  • Патувањето на Добрило (раскази за деца, 1981)
  • Приказна за селото (раскази за деца, 1981)
  • Во Солуна грош сомуна (поезија за деца, 1981)
  • Црниот пантер (роман за деца и млади, 1981)
  • Корените на судбината (роман, 1982)
  • Песни за Туника (поезија за деца, 1982)
  • Лушпи од месечина (поезија за деца, 1982)
  • Сказни I-II (1982)
  • Летот на белата гулабица (роман за млади, 1982)
  • Сопатници на детството (есеи, огледи и критички осврти, 1982)
  • Карпошовата буна (роман, 1983)
  • Дивиот рај (роман за млади, 1983)
  • Патешествијата на Силјан штркот (роман за млади, 1983)
  • Прва љубов (роман за деца и млади, 1983)
  • Распетие (поезија, 1984)
  • Умирање на залез (раскази, 1984)
  • Дрвен обред (поезија, 1985)
  • Дрво на спомените (раскази за деца, 1985)
  • Шарбајка (раскази за деца, 1986)
  • Туника или прва љубов (роман за деца и млади, 1987)
  • Дивиот пес (роман за деца и млади, 1987)
  • Шарена птица (поезија за деца, 1987)
  • Нашиот двор (раскази за деца)
  • Земја на солзите (роман, 1988)
  • Бамбарче (роман за деца, 1988)
  • Пчеличката медарка (сказни, 1989)
  • Среќен човек (раскази, 1989)
  • Перуновите потомци (историски роман, 1989)
  • Чудесна шума (поезија за деца, 1989)
  • Ѕвездени зборови (раскази за деца, 1990)
  • И сончогледите спијат (поезија за деца, 1990)
  • Сто сонца (гатанки)
  • Сребрениот меч (раскази за деца, 1991)
  • Крали Марко (повест)
  • Необични доживувања (роман за деца и млади, 1991)
  • Јаворот (роман за деца и млади, 1992)
  • Скршеното бардаче (роман за деца, 1992)
  • Длабарка (поезија, 1993)
  • Мониста од роса (поезија за деца, 1993)
  • Вечни огнови (раскази, 1993)
  • Изгубеното царство (раскази за деца, 1993)
  • Криворог (роман за деца и млади, 1994)
  • Венче невенче (поезија за деца, 1994)
  • Баба Благината срна (раскази за деца, 1994)
  • Магарињата на Олимп (раскази за деца, 1994)
  • Коктел за сон (поезија, 1995)
  • Златко (повест, 1995)
  • Воденичарски приказни (раскази за деца 1995)
  • Дванаесетте огледала (раскази за деца, 1995)
  • Исчезнатиот рај (роман за деца и млади, 1997)
  • Феткин (романизирана биографија, 1998)
  • Царската птица (сказни, 1999)

Исто така, тој е автор и на неколку радио-драми за деца, како: „Незавршена приказна“, „Чудесно патување“ и „Каде е сончевата земја“, како и повеќе телевизиски сценарија („Туника“, „Прв концерт“)[6] Покрај тоа, тој е составувач на антологиите:

  • Антологија на современата македонска поезија за деца (1968)
  • Антологија на современата македонска проза за деца (1968)

Награди[уреди | уреди извор]

Во 1966 година, за романот „Белото циганче“, Подгорец добил две награди: наградата „Младо поколение“ за најдобра детска книга во Југославија, како и втората награда на конкурсот за роман на „Детска радост“. Покрај тоа, Подгорец е добитник и на следниве награди:[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 108 - 109.
  2. Видое Подгорец, Белото циганче, НИП Нова Македонија, Скопје, 1966, стр. 91-92.
  3. Миодраг Друговац, „Разговор за делото „И сончогледите спијат“ од Видое Подгорец“, во: Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 99.
  4. „FAQ“. Архивирано од изворникот на 2006-09-26. Посетено на 2009-12-06.
  5. Миодраг Друговац, „Разговор за делото „И сончогледите спијат“ од Видое Подгорец“, во: Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 99-100.
  6. Миодраг Друговац, „Разговор за делото „И сончогледите спијат“ од Видое Подгорец“, во: Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 100.
  7. Миодраг Друговац, „Разговор за делото „И сончогледите спијат“ од Видое Подгорец“, во: Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 100.