Зеландија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Топографијата на Зеландија.
Карта на јужниот дел на Зеландија со означени географски поими

Зеландија (Zealandia, исто така позната како Тасмантис или Новиот континент Зиленд_, е потопен континент или микроконтинент кој потонал по одвојувањето од Австралија пред 60-85 милиони години[1] и од Антарктик пред 130 и 85 милиони години.

Овој континент комплетно е потопен пред околу 23 милиони години[2] а поголемиот дел од него (93%) останал под Тихиот Океан.

Зиландија има површина од 3.500.000 квадратни километри, и со тоа е поголема од Гренланд или Индија, а речиси е половина од површината на Австралија. Необично е долга и тесна, и се протега од Нова Каледонија на север до суб-антарктичките острови на Нов Зеланд на југ (латитуда од 19° до 56° југ).[1] Нов Зеланд е најголемиот дел од Зиландија кој се наоѓа над површината на морето.

Најголемите потпоени делови на Зеландија се Лорд Хауовиот Остров, Челинџерското Плато, Кемпеловото Платото, гребенот Норфолк, и островот Четем. Помалите делови ги опфаќаат Луизијада Плато, островот Мелиш, Кен Плато, Честерфилд Плато и гребенот Дампер.[3]

На Зеландија ѝ припаѓаат големите крајбрежни рибници, како и најголемото поле на гас во Нов Зеланд, блиску до Таранаки. Дозволата за искористување на нафтата во Големиот Јужен Басен е дадена во 2007 година.[4] Минералните наоѓалишта вклучувајќи ги железниот песок, вулканските сулфиди и фероманганот се настанати подоцна. [5]

Геологија[уреди]

Зеландија не е како другите континенти, бидејќи го сочинуваат две речиси паралелни гребени, одвоени од пукнатина. Гребените се карпи од континентот, но пониски се во висина од нормалните континенти.

Пред околу 25 милиони години, јужниот дел од Зеландија, кој се наоѓа на Пацифичкото Плато, почнал да се придвижува кон северниот дел (кон Индо-Австралиското Плато). Резултатот на ова поместување е видлив на геолошките карти.[6] Ова придвижување исто така го изместило басенот на Нова Каледонија од неговата претходна позиција.

Вулканска активност на Зеландија се случува пред, за време и после одвојувањето од суперконтинентот Гондвана. Иако Зеландија е изместена околу 6000 километри кон северозапад, интерконтиненталната вулканска активност покажува состав на магмата сличен на составот на вулканите од соседните делови на Антарктик и Австралија.

Биогеографија[уреди]

Нова Каледонија лежи на северниот крај од древниот континент, додека Нов Зеланд се наоѓа на плочата која го пресекува. Фосилизираните шуми кои ги има во Кјурио Беј, се налик на денешните борови од видовите каури и норфолшки бор, а на Зеландија можеле да се видат како растат пред околу 180 милиони години, во време на периодот Јура, пред да се оддели од Гондвана. [7] Зеландија нема домородна копнена фауна. [8]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Keith Lewis (2007-01-11). „Zealandia: the New Zealand continent“. „Te Ara - the Encyclopedia of New Zealand“. http://www.teara.govt.nz/EarthSeaAndSky/OceanStudyAndConservation/SeaFloorGeology/1/en. конс. 22 февруари 2007. 
  2. Searching for the lost continent of Zealandia“, The Dominion Post, 29 септември 2007 (конс. 9 октомври 2007). „We cannot categorically say that there has always been land here. The geological evidence at present is too weak, so we are logically forced to consider the possibility that the whole of Zealandia may have sunk.“
  3. Mortimer, Nick (2006), „Zealandia“, „Australian Earth Sciences Convention“, Melbourne, Australia, стр. 4 .
  4. „Great South Basin - Questions and Answers“. 11 јули 2007. http://www.crownminerals.govt.nz/cms/about/media-centre/great-south-basin-media-pack-1/great-south-basin-questions-and-answers. конс. 18 април 2008. 
  5. „New survey published on NZ mineral deposits“. 17 октомври 2006. http://www.crownminerals.govt.nz/cms/news/2006/new-survey-published-on-nz-mineral-deposits. конс. 18 април 2008. 
  6. „Figure 4. Basement rocks of New Zealand“. „UNCLOS Article 76: The Land mass, continental shelf, and deep ocean floor: Accretion and suturing“. http://www.unclosnz.org.nz/acretion_map.html. конс. 21 април 2007. 
  7. Fossil forest: Features of Curio Bay/Porpoise Bay Retrieved on 2007-11-06
  8. Flannery, Tim (1994). The Future Eaters. Grove Press, New York. Pages 42-43.

Надворешни врски[уреди]