Титикака
Од Википедија
| Титикака Titicaca |
|
|---|---|
|
|
|
| Координати | |
| Тип | Планинско езеро |
| Главен прилив | 27 реки |
| Главен одлив | Десагвадеро Испарување |
| Басенска површина | 58.000 km2 |
| Земји на басенот | Перу Боливија |
| Макс. должина | 190 km |
| Макс. ширина | 80 km |
| Површина | 8.372 km2 |
| Просечна длабочина | 107 m |
| Макс. длабочина | 284 m |
| Водна зафатнина | 893 km3 |
| Брежна должина1 | 1.125 km |
| Надм. височина на површината | 3.812 m |
| Острови | 42+ острови |
| Населени места | Пуно, Перу Копакабана, Боливија |
| 1 Брежната должина не е добро дефинирана мерка. | |
Титикака, е најголемото езеро во Јужна Америка и се наоѓа на западниот дел од континентот. Тоа е воедно и највисокото езеро во светот (се наоѓа на 3810 метри надморска височина). Долго е 196, а широко 56 километри во просек и се протега од југоисточниот дел на Перу па се до западна Боливија. Површината изнесува 8300 километри квадратни, а најдлабоката точка се наоѓа на 280 метри под површината. Вкупно 25 реки со површина од околу 58.000 километри квадратни се вливаат во езерото Титикака кај областа Алтиплано. На јужната страна од Титикака се наоѓа единствениот одлив од езерото - Desaquadero. Поради испарувања езерото губи 95% од влеаната вода. Титикака има 41 остров, од кои многумина се населени, а најголемиот остров е Isla de Titicaca. Во околината на езерото може и ден денес да се најдат остатоци од градби од кои некои потекнуваат од времето на Инките. Располага со многу видови риба, а околината на бреговите се користи главно за земјоделство.