Алтиплано

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Местоположба на Алтиплано во Јужна Америка.
Ла Паз е најголем град во Алтиплано.
Пуно, Перу.
Вулкани во Националниот парк Сахама.

Алтиплано (шпански: Altiplano) е географска област во западниот дел на Јужна Америка. Алтиплано преведено од шпански значи „висока висорамнина“. Висорамнината се наоѓа на Андите и таа претставува најголема висорамнина по Тибет. Езерото Титикака е најпозната географска карактеристика на регионот.

Местоположба[уреди]

Алтиплано се наоѓа во централните предели на Андите и зазема делови од северни Чиле и Аргентина, запада Боливија и јужно Перу. Просечната висина на висорамнината е 3.750 метри надморска висина[1], нешто помалку од таа на Тибет. За разлика од Тибет, во Алтиплано доминантни се масивните активни вулкани како што се Ампато (6288 м), Тутупака (5816 м), Паринакота (6348 м), Гвалјатири (6071 м), Серо Парома (5728 м), Утурунку (6008 м) и Ликанкабур (5916 м), како и Илјампу (6368 м), Уајна Потоси (6088 м), Анкоума (6427 м) и Илјамани (6438 м) во Кордилјера Реал.[2] Југозападно од Алтиплано се наоѓа Атакама, а југоисточно Гран Чако и источно Амазонија.

Панотама на Алтиплано во Перу.

Заедници[уреди]

На Алтиплано традиционално живеат Кечуаните, Уросите и Ајмарите, но и останати помали американски староседелски народи. Во минатото во регионот живееле, меѓу другите, и Инките.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Аргентина
Портал „Боливија
Портал „Перу
Портал „Чиле

Надворешни врски[уреди]