Портал:Боливија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
уреди   

Боливија
BOLIVIA

Грб на Боливија.

Боливија (шпански: Bolivia, кечуански: Bulivya , ајмарски: Wuliwya, гварански: Volívia), или официјално Повеќенационална Држава Боливија (Estado Plurinacional de Bolivia, Bulivya Mamallaqta, Wuliwya Suyu, Tetã Volívia), е независна држава во Јужна Америка. Боливија се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад. Главен град на држава според уставот е Сукре, а седиште на владата е Ла Паз. Државата има 37 официјални јазици, а најзборувани се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и гваранскиот јазик. Боливија има население од околу 10 милиони жители. Над 50% од населението се јужноамерикански староседелци, меѓу кои најголеми се Кечуаните, Ајмарите и Гвараните.

Пред европската колонизација на Америка, андскиот регион на Боливија бил дел од познатата Империја на Инките — најголема држава во претколумбовскиот период. Шпанската империја го освоила регионот во 16 век. За време на шпанскиот колонијален период, територијата на Боливија се нарекувала Горно Перу и била дел од Вицекралството Перу. По објавувањето на независноста во 1809 година, следувала војна која траела 16 години. По крајот на војната била основана новата република на 6 август 1825, а името го добила во чест на јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар. Во својата историја како независна држава, Боливија се соочила со голем број политички немири, диктаторски општествени уредувања и економски проблеми.

уреди   

Избрана статија: Географија на Боливија

Карта на Боливија.

Боливија се наоѓа во централниот регион на Јужна Америка. Со своите 1.098.580 километри квадратни, Боливија е 28 најголема држава во светот. Територијата на државата се протега од централните предели на Андите на запад па сè до Амазонија и Гран Чако на исток. Боливија нема излез на море, а копнено се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад.

Територијата на Боливија е составена од различен вид релјефни формации и климатски карактеристики. Државата има голем степен на биолошка разновидност, кој е еден од најголемите во светот. Покрај тоа, во Боливија има неколку еколошки региони, како што се на пример Алтиплано и Чикитанија. Алтиплано е составен од тропски прашуми и суви долини, а Чикитанија е составена од тропски савани. Разновидноста се забележува во надморската височина на земјата, каде највисокиот врв Невадо Сахама има 6.542 метри, а најниската точка е покрај реката Парагвај и има 70 метри надморска височина.

Дознај повеќе...


уреди   

Избрана слика: Езерото Титикака

Lake Titicaca on the Andes from Bolivia.jpg
Поглед кон крајбрежјето на езерото Титикака — најголемото езеро во Јужна Америка.


уреди   

Избрана биографија: Симон Боливар

Симон Боливар.

Симон Хозе Антонио де ла Сантисима Тринидад Боливар и Понте Палациос и Бланко (шпански: Simón José Antonio de la Santísima Trinidad Bolívar y Ponte Palacios y Blanco) е роден во Каракас, Венецуела на 24 јули 1783, а умрел во Санта Марта, Колумбија на 17 декември 1830. Тој бил предводник на борбите за независност на повеќе јужно-американски држави: Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Панама и Боливија. Боливар го почитуваат како херој и во овие земји, но и во останатите латино-американски земји.

Кога Наполеон Бонапарт во 1808 година ја победи Шпанија, Боливар зема учество во хунтите на отпорот против Шпанците што се формираат во Јужна Америка. Во 1810 година хунтата во Каракас прегласува независност, но во јули 1812 водачот на хунтата, Франсиско де Миранда, им се предава на Шпанците, а Боливар е принуден да бега во Картахена де Индијас во денешна Колумбија. Во 1813 година, откако ја презема воената команда над Нова Гранада (денешна Колумбија), на 14 мај напаѓа на Венецуела. На 6 август го освојува Каракас и ја прогласува Втората венецуелска република.


уреди   

Дали сте знаеле дека...

  • ...официјалната валута на Боливија, боливијано, е именувана исто така според јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар?
  • ...Боливија има два главни града, Сукре и Ла Паз, од кој едниот е адмнинистративен а другиот уставен?
  • ...мнозинството население на Боливија е староседелско, а не мешано со европски народи?


уреди   

Категории



уреди   

Поврзани портали

Map-Latin America2.png
Animated-Flag-Chile.gif
Animated-Flag-Peru.gif
Animated-Flag-Brazil.gif
Animated-Flag-Argentina.gif
Animated-Flag-Paraguay.gif
Јужна Америка Чиле Перу Бразил Аргентина Парагвај


уреди   

ВикиПроекти


уреди   

Работи кои можеш да ги направиш

  • Проширување на постоечките статии поврзани со Боливија.
  • Одржување на постоечките статии
  • Создавање на нови статии поврзани со Боливија
за повеќе информации обратете се кај заинтересираните администратори, уредници или ВикиПроект Боливија.


уреди   

Теми за Боливија

Историја Хронологија | Војна за независност | Симон Боливар | Војни
Гографија Градови | Планини | Езера | Национални паркови | Реки
Влада Устав | Департмани | Покраини | Општини | Војска | Претседател
Политики Политички партии | Избори
Економија Земјоделство | Комуникации | Транспорт | Боливијано
Култура Уметност | Кино | Кујна | Образование | Литература | Музика | Државни празници | Медиуми | Спорт
Друго Листа на Боливарци


уреди   

Поврзана Викимедија

Боливија на  Викивестите  Боливија на  Викицитатот  Боливија на  Викикнигите  Боливија на  Викиизворот  Боливија на  Викиречникот  Боливија на Заедничката ризница
Вести Мисли и цитати Учебници и прирачници Текстови Толкувања Слики и медиуми
Wikinews-logo.svg
Wikiquote-logo.svg
Wikibooks-logo.svg
Wikisource-logo.svg
Wiktionary-logo-en.svg
Commons-logo.svg


Список на портали | Избрани портали

Исчисти опслуж. кеш