Историја на Боливија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дел од серијалот за Боливија

Историја на Боливија

Coat of arms of Bolivia.svg

До 1809
1809-1920
1809-1964
1964 до денес

Портал:Боливија
Територијални промени на Боливија.

Територијата на денешна Боливија била населувана уште пред 5.000 години. Во околу 200 п.н.е., цивилизацијата Тиванаку опстојувала околу езерото Титикака.[1] Таа исчезнала во околу 1200 година. Нејзини современици се Моксосите, кои пак исчезнале по шпанското освојување на Латинска Америка.

Шпанското освојување започнало во 1524 година и скоро завржило во 1553. Територијата денес позната како Боливија тогаш била позната како „Горно Перу“ и била под власт на Вицекалот од Лима. До доцниот 16 век боливиското сребро бил главен ресурс за Шпанската империја. Локалното население служело единствено како работна снага. Со ослабнувањето на силата на шпанскиот крал, започнале противења против шпанската власт од страна на локалното население.

Борбите за независност на Боливија започнале во 1809 година, и по 16-на војна републиката прогласила независност на 6 август 1825 со ново име, Боливија, по револуционерот Симон Боливар.[2]

Во 1836 година, Боливија, под раководство на маршалот Андрес де Санта Круз, го нападнала Перу. Перу и Боливија ја формирале Конфедерацијата Перу и Боливија на чело со Санта Круз. Потоа следеле тензии меѓу Конфедерацијата и Чиле, и Чиле објавил војна на 28 декември 1836. Сојузникот на Чиле, Аргентина, објавила војна на Конфедерацијата на 9 мај 1837. Конфедерациските сили оствариле неколку победи.

По битката во Паукарпата, се потпишал Паукарпатскиот Договор со неусловно предавање на чилеанските и перуанските бунтовници. Со договорот се предвидело Чиле да се повлече од териториите на Конфедерацијата, да ги ослободи заробените бродови и да се подобри економската соработка. Јавноста во Чиле се противела на ова и Чиле морал да го одбие договорот. Потоа следел повторен напад врз Конфедерацијата и ја поразила за време на Битката во Јунгај. По поразот, Санта Круз пребегнал во Еквадор и Конфедерацијата се распаднала.

По распаѓањето на Конфедерација, Перу и неговиот претседател Агустин Гамара ја нападнал Боливија. Перуанската армија била поразена за време на Битката во Ингави на 20 ноември 1841, каде Гамара бил убиен. Боливиската армија, под раководство на Хозе Баливијан организирал напад за да го превземе пристаништето Арика. Покасно, двете страни потпишале договор за прекинување на војната.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Историја на Боливија“ и „Тиванаку.
Ѕидовите во Каласаја.
Карта на Тиванаку во сина боја.

Територијата на Боливија била населена повеќе од 2.000 години, поточно со доаѓањето на Ајмарите во регионот. Денес, Ајмарите се сметаат за наследници од цивилизацијата која се развила во Тиванаку во западна Боливија. Главниот град на Тиванаку датира од 1500 г.п.н.е. Градот првично било мало земјоделско село.[3]

Тиванаку брзо се развил во урбан центар во периодот од 600 до 800 година и станал важна регионална сила во јужните Анди. Според раните проценки, во својот најголем подем, градот зафаќал околу 6.5 километри квадратни и имал од 15.000 до 30.000 жители.[4] Сепак, во скоро време, со помош на сателитски снимки се разгледувале фосилизираните „поплавени издигнати полиња“ („сука колус“) во околината на три села во Тиванаку се проценило дека земјоделските обработливи површини имале капацитет за од 285.000 до 1.482.000 жители.[5]

Од локална сила Тиванаку преминал во моќна држава во 400 година. Државата ја проширила својата територија во Јунгас и со тоа ја донела својата култура и начин на живот во денешни Перу, Боливија и Чиле. Сепак важно е да се напомене дека државата немала целосно насилен карактер. При ширењето на својата територија, Тиванаку користела политичка итрина, создаваа колонии и склучувала трговски договори.[6]

Тиванаку продолжила да се развива без некои опасности за својот пад. Вилијам Исбел вели дека „Тиванаку подлегнал на драстични промени меѓу 600 и 700 година и се основале нови монументални стандарди за граѓанската архитектура и во голем дел се зголемило населението“.[7] Тиванаку продолжил со примање на различни култури, наместо да ги занемарува. Силата на Тиванаку се зголемила со основањето на стабилна трговија меѓу градовите во империјата.[6]

Елитата на Тиванаку ја зацврстила својата положба преку контролата на вишокот храна, кој бил собран од периферните области и раздадена на населението. Дополнително на тоа, елитната класа и нивната контрола на ламите станал значаен механизам за контрола на државата. Ламата се користела за транспорт на стока и таа симболизирала класна разлика меѓу елитната класа и обичниот народ. Сето ова допринело да се зголеми моќта на државата сè до 950 година. Во тој период во државата се случила драматична промена на климата.[8]

Врнежите во басенот на Титикака значително се намалиле. Некои археолози го означиле овој период како период на суша. Како што се намалувале врнежите, голем број градови кои биле оддалечени од езерото започнале да даваат помалку храна на владеачката елита, а со тоа се намалила нивната моќ. Главниот град бил последен кој имал проблеми со сушата, најмногу поради начинот на одгледување. Тиванаку сосема се распаднал во 1000 година, најмногу поради сушата, недостатокот на храна и моќта на владеачката елита. Областа била ненаселена со векови по падот на Тиванаку.[8]

Меѓу 1438 до 1527 година, Империјата на Инките, за време на својоата најголема територијална експанција, презела контрола врз територијата на денешна Боливија. Сепак, Инките немале контрола врз регионот за долг период бидејќи Империјата почнала да слабее. Тоа довело до полесно освојување на територијата од страна на Шпанците.

Колонијален период[уреди]

Потоси бил значаен колонијален град во Боливија.

Шпанското освојување на Империјата на Инките започнало во 1524 година и било завршено во 1553. Територијата денес позната како Боливија тогаш била именувана како „Горно Перу“ и била под управа на Вицекралството Лима. Локалната влада дошла од Ауденсија де Чаркас во Чукисака. Во 1545 година бил основан градот Потоси и набрзо станал голем производител на добра, и со тоа градот станал најголем град во Новиот Свет со население од над 150.000 жители.[9]

До крајот на 16 век боливиското сребро било важен извор на приход на Шпанската империја.[10] Локалното население служело како работна сила, а Шпанците го презеле системот на општествено служење од Инките познато како мита.[11] Во март 1782 година, Тупак Катари го организирал локалното население во револт, кога бил опколен Ла Паз. Во бунтот 20.000 лица го загубиле животот.[12] Како што шпанската власт слабеела поради војните со Наполеон, незадоволството на локалното население се зголемувало.

Независност и Конфедерациска војна[уреди]

Сукре - лидер на Боливиската војна за независност.

Боливиската војна за независност започнала во градот Сукре во 1809 година со Револуцијата во Чукисака. Сукре тогаш се викал Чукисака и од таму доаѓа името на револуцијата. Револуцијата довела до создавање на влада создадена од воена хунта. Револуцијата во Чукисака била проследена со Револуцијата во Ла Паз, за време на која Боливија ја прогласила својата независност. Двете боливиски револуции биле краткотрајни и биле поразени од шпанските власти, но следната година Шпанско-американските војни за независност го зафатиле целиот континент. Боливија била ослободувана и повторно окупирана неколку пати за време на војната меѓу ројалистите и патриотите. Од Буенос Аирес биле испратени три воени кампањи и сите биле поразени. Боливија конечно се ослободила од ројалистите под водство на Антонио Хозе де Сукре. Сукре предводел воена кампања од северот и ја подржал воената операција на Симон Боливар. По 16 години водење војна, новата република била прогласена на 6 август 1825 година и била именувана во чест на Симон Боливар.

Во 1835 година, Боливија, под водство на маршал Андрес де Санта Круз, навлегла во Перу за да го воспостави повторно на власт генералот Луис Хозе де Орбегосо. Перу и Боливија ја создале Перуанско-боливиската конфедерација, каде Санта Круз бил прогласен за „врховен заштитник“. Создавањето на Конфедерацијата не била добредојдена од соседите, особено Чиле и Аргенина, бидејќи сметале дека таквата држава би била мошне моќна. По тензиите кои настанале меѓу конфедерацијата и Чиле, Чиле ѝ објавил војна на 28 декември 1836 година. Аргентина станала сојузник на Чиле и таа ѝ објавила војна на конфедерацијата на 9 мај 1837 година. Перуанско-боливиските сили забележале неколку значајни победи за време на Конфедерациската војна, меѓу кои поразот на аргентинското проширување и поразот на чилеанското проширување на териториите во Паукарпата во близина на Арекипа.

За време на битките во Арекипа, чилеанските и перуанските војници се предале и безусловно го потпишале Договорот од Паукарпата. Според договорот, Чиле требало да се повлече од Перу и Боливија, да ги врати заробените конфедерациски бродови, да се нормализираат економските односи и Конфедерацијата да го исплати перуанскиот долг на Чиле. Народот во Чиле не се согласил со овој договор и владата била приморана да го отфрли. Чиле организирал втор напад на Конфедерацијата и ја поразил во Битката кај Јунгај. По поразот, Санта Круз дал отставка и пребегнал во азил во Еквадор, а Конфедерацијата се распаднала.

По независноста на Перу, претседателот Агустин Гамара ја нападнал Боливија. Перунската армија била поразена во Битката кај Ингави на 20 ноември 1841 година кога Гамара бил убиен. Боливиската војска под раководство на Хозе Баливијан организирала контра напад и бил заземен градот Арика. Двете држави потпишале мировен договор во 1842 година.

Економска нестабилност и Пацифичка војна[уреди]

Карта на боливиското крајбрежје.
Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Пацифичка војна“, „Војна во Акре“, и „Војна во Чако.

Во 19 век во Боливија имало политичка и економска нестабилност што довело до слабеење на државата. Од 1879 до 1883 година Боливија водела војна со Чиле која е позната како Пацифичка војна. Како резултат на војната, Боливија го изгубила своето крајбрежје и пристапот до Тихиот Океан. Боливискиот крајбрежен департман Литорал потпаднал под чилеанска контрола.

Уште од независноста, Боливија загубила половина од првичната територија преку војни и внатрешни немири.[13] Боливија ја загубила контролата на денешната сојузна држаба Акре во Бразил за време на Војната во Акре. Локалното население на Акре имало неколку значајни победи за време на оваа војна, но кога увиделе дека има опасност од избувнување голема војна во која би се вклучила сета војска на Бразил, буното се стишил и се потпишал Договорот од Петрополис во 1903 година. Со договорот Боливија ја изгубила оваа територија.

Во доцниот 19 век се зголемила светската цена на златото и Боливија се стекнала со просперитетен и политички стабилен период. За време на раниот 20 век, трговијата со калај ја заменила трговијата со злато.[14]

Условите за живот на локалното населени биле лоши. Населението немало пристап до образование и работеле во лоши услови. Во тој период Боливија загубила од Парагвај во Војната во Чако во 1932 до 1935 година. Со тоа, Боливија ја загубила својата контрола на голем дел од територијата на Гран Чако.[15][16][17]

Наводи[уреди]

  1. Fagan, Brian M. 'The Seventy Great Mysteries of the Ancient World: Unlocking the Secrets of Past Civilizations'. New York: Thames & Hudson, 2001.
  2.   Bolivia“. Католичка енциклопедија. (1913). Њујорк: Роберт Еплтон.
  3. Fagan, Brian M. 'The Seventy Great Mysteries of the Ancient World: Unlocking the Secrets of Past Civilizations'. New York: Thames & Hudson, 2001.
  4. Kolata, Alan L. 'The Tiwankau: Portrait of an Andean Civilization'. Blackwell Publishers, Cambridge, 1993. p. 145
  5. Kolata, Alan L. Valley of the Spirits: A Journey into the Lost Realm of the Aymara. John Wiley and Sons, Hoboken, 1996.
  6. 6,0 6,1 McAndrews, Timothy L. et al. 'Regional Settlement Patterns in the Tiwanaku Valley of Bolivia'. Journal of Field Archaeology 24 (1997): 67–83.
  7. Isbell, William H. 'Wari and Tiwanaku: International Identities in the Central Andean Middle Horizon'. 731–751.
  8. 8,0 8,1 Kolata, Alan L. 'The Tiwankau: Portrait of an Andean Civilization'. Blackwell Publishers, Cambridge, 1993.
  9. The High Place: Potosi. John Demos.
  10. MSN Encarta, Conquest in the Americas. Archived 31 October 2009.
  11. „Bolivia – Ethnic Groups“. Countrystudies.us. http://countrystudies.us/bolivia/29.htm. конс. 30 август 2010. 
  12. Rebellions. History Department, Duke University.
  13. Frank Jacobs (13 март 2012). „Who Bit My Border?“. The New York Times. http://opinionator.blogs.nytimes.com/2012/03/13/who-bit-my-border/. 
  14. [1] Background note: Bolivia-Source-Bolivien-liest.de
  15. Harold Osborne (1954). „Bolivia: A Land Divided“. London: Royal Institute of International Affairs. 
  16. History World (2004). „History of Bolivia“. National Grid for Learning. http://www.historyworld.net/wrldhis/PlainTextHistories.asp?historyid=ac11. 
  17. Juan Forero. „History Helps Explain Bolivia's New Boldness“, „New York Times“, 7 мај 2006 (конс. 26 април 2010). (PDF), University of Wisconsin–Madison, Department of Geography

Поврзано[уреди]

Портал „Боливија