Езера во Боливија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Боливија.

Езерата во Боливија се едни од земјишните облици на државата. Езерата се најголемите водни површини во Боливија, најмногу поради фактот што државата нема излез на море. Езерата се наоѓаат како на планинскиот, така и во рамничарскиот предел. Боливија располага со солени и слатководни езера, од кои првите се среќаваат на Алтиплано. а вторите во рамниците. Голем дел од езерата имаат сезонски поголемо количество на вода, а во принцип се солени површини или мочурливи области.

Планински езера[уреди | уреди извор]

Во планинскиот регион Алтиплано има поголем број езера.

Езера со површина од нас 100 км2
име површина (км2) над. височина на површината макс. длабочина вид
Титикака 3,790[i 1] 3,810 281 m солено
Попо 1,000 3,686 солено
Којпаса 2,218 3,657 - солено
Салар де Ујуни 10,582 3,663 - солено
Уру Уру 214 3,686 1.5 m солено

Рамничарски езера[уреди | уреди извор]

Езера во низините со површина нас 100 км2
име површина над. височина на површина макс. длабочина вид
Уајтунас 329.5 км2 146 - слатководно
Рогагвадо 315 км2 143 - слатководно
Рогагва 155.5 км2 164 - слатководно
Гвачуна 102.8 км2 150 - слатководно
Ел Океано 100 км2 - - слатководно

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 3790 км2 од 8.562 км2 што ги има езерото се во Боливија.

Поврзано[уреди | уреди извор]