Таџ Махал

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Таџ Махал

Таџ Махал(Хинди ताज महल, Фарси: تاج محل), е музеј кој е лоциран во Агра, Индија. Овој објект е еден од седумте чуда на новиот свет.

[уреди] Историја

Таџ Махал е градена помеѓу 1631 и 1654 година со помош на 22 000 работници, по чие изградување, државата паднала во голема криза. Царот Шах Џахан го наредил неговото градење за својата жена Арџуманд Бано Бегум која е попозната како Мумтаз Махал која умира во време на војната во 1631 година при пораѓањето на 39-годишна возраст. Така царот решил својата жена да ја преболи со изградба на гробница која би била најголема на светот. За место на изградба на својот проект, царот ја избира градината на брегот на реката, чија сопственост е на раџата ( титула ) Џај Сингх.

[уреди] Димензии

Неговата височина изнесува 75 метри. Скоро целиот состав на градбата се состои од бел мермер. На неговата северозападна страна се наоѓа џамија, а на југоисточната дом за одмор. Димензиите на целиот комплекс изнесува 300 м x 560 м.