Колосеум
Од Википедија
Колосеум (латински: Colosseum), изворно уште се нарекува и “Флавијански амфитеатар“ (лат. Amphitheatrum Flavium) е најголемиот амфитеатар во Рим и во светот. Колосеумот бил изграден од императорот Веспазијан кој го започнал во 72 година, и неговиот син императорот Титус, кој го завршил во 80 година, кои се презивале Флавии, па оттаму и името. Некои преправки направил и императорот Домицијан (81-96). Изграден е како подарок на римските граѓани, и тоа на местото на некогашната резиденција на Нерон. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 50.000 гледачи.
Колосеумот бил врвен дострел на архитектурата и градежништвото од тоа време. Покрај грандиозните димензии, бил лесно достапен преку систем од влезови и скалила, така што во случај на пожар, можел да се испразни за само десет минути.
На 7 јули 2007 година Колосеумот бил прогласен за едно од седумте светски чуда на новиот свет.
Подоцна, објектот бил употребуван за најразлични цели, како работилници, одаи за свештеници и христијанско светилиште.