Црква Свети Климент (Рим)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црква Свети Климент
Basilica di San Clemente al Laterano (италијански)
Roma San Clemente BW 1.JPG
Основни податоци
Место Италија Рим, Италија
Координати 41°53′22″ СГШ 12°29′51″ ИГД / 
Религија Римокатоличка црква
Држава Италија
Црковен статус Базилика
Мреж. место Официјално мрежно место
Архитектонски опис
Архитектонски тип Црква
Насока на фасадата EbS
Темел 1108
Завршено 1123
Карактеристики
Должина 45 metres (150 ft)
Ширина 25 metres (82 ft)
Ширина (основа) 13 metres (43 ft)

Црквата Сан Клементе (италијански :Basilica di San Clemente) е црква која се наоѓа во Рим, Италија и е во склопот на Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 2 век, посветена на папа Климент I. Во оваа црква се наоѓа гробот на Свети Кирил, еден од создавачите на глаголицата.

Првата црква на ова место била изградена во домот на римскиот конзул Тит Флавиј Клемент, кој бил внук на Веспазијан. Според римската црковна традиција Тит е всушност Папа Климент I. Во текот на 6 век, на ова место била изградена голема базилика, во која главно биле зачувани фрески од животот на Свети Климент. Во текот на 816 година, Свети Кирил го пронашол телото на Свети Климент во Крим. Шест години подоцна, тој заедно со неговиот брат Свети Методиј биле поканети од страна на папата да ги донесат останките од папата во Рим. По престигнувањето, телото на Климент било свечено погребано во оваа црква. Во 1084 година, јужниот дел од Рим бил ограбен од норманите на чело со Робер Жискар. Во времето на Папа Пасхалиј II, базиликата била реновирена.

По неколку години, во Рим починал Свети Кирил. Методиј, неговиот брат, побарал дозвола неговото тело да биде вратено во Македонија, но папата не дозволил па така телото на Свети Кирил било погребано во оваа црква. Во времето на Француската револуција, телото на Свети Климент било преместено, а подоцна и изгубено. Подоцна, делови од неговите останки биле пронајдени и повторно положени во неговиот гроб.

Од таа прва базилика останала криптата, во која се наоѓа гробот на Свети Кирил. Денеска, пред гробот на Свети Кирил редовно се одржуваат литургии на кои присуствуваат државните глави и политичри[1], главно од словенско потекло, на неговиот празник. Папа Јован Павле II исто така се молел пред овој гроб за неговата матична земја Полска.

Наводи[уреди]