Пјаца Навона

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Координати: 41°53′56″N, 12°28′23″E

Фонтаната на четирите реки со египетски обелиск, во средината на Пјаца Навона
Фонтаната на четирите реки со египетски обелиск, во средината на Пјаца Навона

Пјаца Навона (италијански: Piazza Navona) е плоштад во Рим. Плоштадот е направен според план на Римски циркус, 1-во вековниот Стадион на Домицијан[1], каде Римјаните доаѓале да гледаат агони („игри“): денешното име настанало со искривоколчување на изразот во агонија, во nagone и navona, што на Италијански значи „голем број“.

Дефиниран како плоштад во последните години на 15-от век, кога градскиот пазар бил префрлен овде од Кампидољо, Пјаца Навона денес е гордост на барокен Рим. Има скулптури и архитектонски дела од: Џан Лоренцо Бернини, познатата Fontana dei Quattro Fiumi (Фонтана на четирите реки, 1651) во средината; Франческо Боромини и Гироламо Раиналди, црквата Sant'Agnese in Agone; и од Пјетро да Кортона, кој ја насликал галеријата во палатата Пампиљ.

Традиционалниот пазар во 1869 бил преместен во Campo de' Fiori, но плоштадот е исто така традиционален домаќин на театарски и куклени претстави, трки на коњи, двобои на витези. Од 1652, секоја сабота и недела во август, плоштадот се претварал во езеро за да се слави фамилијата Пампиљ. Прославата била прекината во 1866.

Пјаца Навона содржи уште две фонтани на Џакомо дела ПортаНептуновата фонтана (Fontana di Nettuno) од (1574), лоцирана во северниот дел на Пјаца Навона, и Фонтаната на Маврите (Fontana del Moro) од (1576), лоцирана во јужниот дел на плоштадот.

Други споменици на плоштадот се:

  • Шпанските степеници (Stabilimenti Spagnoli)
  • Палатата на Купис (Palazzo de Cupis)
  • Палатата Торес Масимо Ланчелоти (Palazzo Torres Massimo Lancellotti)
  • Црквата „Богородица на Светото срце“ Nostra Signora del Sacro Cuore
  • Палатата Браши (Музеј на Рим) Palazzo Braschi (Museo di Roma)

[уреди] Референци

  1. Roth, Leland M. (1993). Understanding Architecture: Its Elements, History and Meaning, First, 233, Boulder, CO: Westview Press. ISBN 0-06-430158-3.

[уреди] Надворешни врски