Џакомо дела Порта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фасада на црквата „Ил Џезу“ во Рим.
„Христос му ги носи клучевите на Рајот на Свети Петар“ (1594), Св. Пунденцијана, Рим
Фонтана на желките

Џакомо дела Порта (итал. Giacomo della Porta); (~ 15331602 во Рим) ) бил италијански архитект и вајар од ренесансата, разни значајни зданија во Рим како базиликата Св. Петар.[1] Роден е во Порлеца, Ломбардија, а починал во Рим.

Биографија[уреди]

Дела Порта бил ученик и соработник на Микеланџело Буонароти и Јакопо Бароци да Вињола, и попримил влијанија од двајцата. Од 1563 г. работел на извршување на Микеланџеловите планови за уредување на отворените простори на ридот Капитол (Кампидољо), изеведувајќи ги скалиштата и фасадата на Палацо Сенаторио.

По смртта на Вињола во 1573, продолжил со изградбата на Ил Џезу, матичната црква на редот Исусовци, а во 1584 г. ја преработил фасадата по свој нацрт.

Во 1573 г. бил надлежен архитект во изградбата на базиликата Св. Петар, а во периодот од 1588 до 1590 ја довршил куполата на Микеланџело во соработка со Доменико Фонтана.

Џакомо дела Порта изработил разни фонтани во Рим. Тука спаѓаат и оние на Пјаца дел Пополо: Нептуновата фонтана и Фонтана на Маварот на плоштадот Пјаца Навона.

Одбрани дела[уреди]

Наводи[уреди]

  1.   Giacomo della Porta“. Католичка енциклопедија. (1913). Њујорк: Роберт Еплтон.
  • Katherine Rinne, "Fluid Precision: Giacomo della Porta and the Acqua Vergine fountains of Rome", in Landscapes of Memory and Experience, уред. Jan Birksted (London, 2000), 183-201.
  • Katherine W. Rinne, “Between Precedent and Experiment: the Restoration of the Acqua Vergine (1560-1570)”, in L. Roberts, S. Schaffer and P. Dear (уред.), The mindful hand: inquiry and invention from the late Renaissance to early industrialisation (Edita/University of Chicago Press: 2007), 95-115.