Систинска капела
Од Википедија
Систинската капела (итал. Cappella Sistina) е најпозната капела во апостолската палата, официјалната резиденција на папата во Ватикан. Нејзината слава доаѓа пред сѐ од внатрешната декорација со фрески од Микеланџело, Рафаел, Бернини и Ботичели, како и од фактот што во неа се одржуваат конклавите - кардиналски собори за избор на нов папа. Капелата го носи името според папата Сикстус IV кој ја реставрирал „Големата капела“, како што претходно се нарекувала, помеѓу 1477. и 1480. Kапелата ја осветил Сикстус IV на 15 август 1483. и ја посветил на Успението на Пресвета Богородица.[1]
Денес Систинската капела е дел од разгледувањето на Ватиканските музеи и може да се посети кога во неа не се одржуваат служби.
Содржина |
[уреди] Фрески
Sидовите биле фрескоживописани од неколку уметници уште пред осветувањето: Пјетро Перуџино, Сандро Ботичели и Доменико Гирландаио помеѓу 1482. и 1483.
Потоа, помеѓу 1508. и 1512, под спонзорство на папата Јулиј III, Микеланџело насликал 1.100м² фрески на таванот на капелата. Микеланџело го презирал овој проект, и сметал дека служи само за да се задоволи грандоманијата на папата. Сепак, денес се смета дека таванот на Систинската капела е круна на неговата уметност.
Микеланџело повторно бил ангажиран од папата Климент VII во 1534.-1541. за да го наслика олтарниот ѕид на капелата. Тој таму го насликал „Страшниот суд“, дело кое своевремено, па и денес, предизвикува контроверзи поради видните луѓе кои уметникот ги сместил во пеколот, како и поради голотијата на фигурите непримерена за христијанскиот морал.[2] Тоа е импозантно и драматично уметничко дело, го зафаќа целиот олтарен ѕид на капелата, со димензии од околу 13,7 х 12 метри. Микеланџело го оставил и својот автопортрет на сликата, во ликот на Св. Бартоломеј кој ја носи својата одрана кожа. (Според преданието, Св. Апостол Бартоломеј бил измачуван заради верата, жив одран и распнат на крст. )
Фреските во капелата биле целосно реставрирани во периодот 1984. - 1994., по што на виделина излегле со сиот свој сјај и живост на боите.
[уреди] Видете и
[уреди] Надворешни врски
- Vatican Museums Online: Sistine Chapel A virtual detailed tour of the frescoes and panels
- Master Plan & Pictures: Cappella Sistina
- Web Gallery of Art: Visit to the Sistine Chapel in Vatican
- BBC News: Sistine Chapel Restored (1999)
- The Restoration of the Sistine Chapel: Right or Wrong?
- Capella Sistina
[уреди] Референци
- ↑ Monfasani, John. "A Description of the Sistine Chapel under Pope Sixtus IV". Artibus et Historiae, Volume 4, no. 7, 1983. 9-18.
- ↑ Vasari, Giorgio & Bull, George & Anthony, George. Lives of the artists. Penguin Classics, August 27, 1987. 379. ISBN 0-1404-4500-5