Ватикански музеи
| Ватикански музеи | |
| Musei Vaticani | |
| Основан | 1506 |
|---|---|
| Место | Ватикан |
| Посетеност | 4.310.083 (2008[1]) |
| Директор | Антонио Паолучи |
| Мрежно место | mv.vatican.va/StartNew_EN.html |
Ватиканските музеи (итал. Musei Vaticani), се едни од најголемите во светот, и прикажуваат уметнички дела од огромната колекција собрана од римокатоличката црква низ вековите. Папата Јулиј II ги основал музеите во 16. век, односно во 1506. година. Систинската капела и Собите на Рафаел (Stanze della Segnatura) се на патеката на посетителите низ музеите.
Во 2007. година, музеите ги посетиле 4.310.083 луѓе[2].
Содржина |
[уреди] Основање
Основањето на Ватиканските музеи се поврзува со една мермерна скулптура купена пред 500 години, т.е. во 1506. Скулптурата „Лаокон и синовите“ била откриена во едно лозје близу до црквата Санта Мариа Маџоре во Рим. Папата Јулиј II ја откупил статуата од сопственикот на лозјето и ја изложил во Ватикан. Оттогаш изложбата постојано се проширувала.
[уреди] Пинакотека
Колекцијата прво била сместена во Домот на Борџија, а во времето на папата Пиус XI била изградена посебна зграда. Изложбата содржи слики на Микеланџело, Рафаел и Фра Анџелико.
[уреди] Колекција на модерна религиозна уметност
Колекцијата на модерна религиозна уметност претставува слики и скулптури од познати автори, како што се Карло Кара и Џорџо де Чирико.
[уреди] Скулптури
Една група на музеи претставуваат само скулптури:
[уреди] Музеј на Пио и Клемент
Папата Клемент XIV го основал овој музеј во 1771., и првобитно содржел ренесансни и антички дела. Неговиот наследник, папата Пио VI ја проширил изложбата. Денес овој музеј изложува само скулптури од грчката и римската антика.
Има вкупно 54 галерии, од кои Систинската капела е последната и за да се дојде до неа мора да се минат претходните 53. Овие галерии изложуваат прекрасни скулптури, како што се „Заспаната Аријадне“, „Канделабрите на Барберини“, „Трите Грации“ и други.
[уреди] Музеј Кјармонти
Музејот е наречен според световното семејно име на папата Пио VII, кој го основал во раните 1800-ти. Музејот се состои од голема засводена галерија во која се изложени неколку статуи, саркофази и фризи.
[уреди] Грегоријански Етрурски музеј
Основан е од папата Грегориј XIII во 1836 година и има осум галерии со важни Етрурски дела од археолошки ископувања. Делата вклучуваат вазни, саркофаг, бронзи и колекцијата Гуљелми.
[уреди] Египетски музеј
Основан е од папата Грегори XVI и има голема колекција на староегипетски материјали, како што се папируси, мумии на животни, познатата колекција Граси и познатата „Книга на мртвите“.
[уреди] Други експонати
- Неколку слики од Караваџо вклучувајќи ја и познататата Погребување на Христос (1602 - 1603)
- Портретот на Св. Јероним од Леонардо да Винчи
- Слики од Фра Анџелико, Џото, Рафаел, Тицијан и други
- Папскиот трон од црвен мермер, кој претходно бил сместен во базиликата Сан Џовани ин Латерано
- Огромна колекција на слики и таписерии од Рафаел, вклучувајќи ги и Собите на Рафаел
- Систинската капела
- Галеријата на географски карти - содржи топографски карти на цела Италија насликани на ѕидовите и долга 120м.
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Ватикански музеи“ |
41°54′23″N 12°27′16″E / 41.90639°N 12.45444°E