Папа Јулиј II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Iulius II
Pope Julius II.jpg
Родено име Џулијано дела Ровере
Папа од 31 октомври 1503
Папа до 21 февруари 1513
Претходник Папа Пиј III
Наследник Папа Лав X
Роден 5 декември 1443
Албисола, Италија
Починал 21 февруари 1513
Рим
Други папи по име Јулиј (појаснување)

Папа Јулиј II (лат. Iulius PP. II)(5 декември 1443 - 21 февруари 1513) бил римски папа од 31 октомври 1503 до 21 февруари 1513.

Биографија[уреди]

Џулијано дела Ровере се родил во Албисола на 5 декември 1443. Млад влегол во редот на Фрањевците, каде се стекнал со добро образование. Бил назначен за кардинал од страна на неговиот дедо, папата Сикст IV. Се стремел за зацврстување на влијанието на неговото семејство во папската држава. При изборот за аппа, се претставил како поборник за мир и независност на папството. За време на своето папство, тој земал активно учество во воените походи, и тоа како дел од првите воени редови. Негови главни противници биле Венеција и Франција. Како резултат на виоените походи коишто ги водел, територијата на папската држава била значајно проширена. За заштита на границите на папската држава, тој ја создал швајцарската гарда, која се состоела од доброволци, жители на Швајцарија, неженети луѓе со воено искуство. Нивната убава униформа ја проектирал Микеланџело. На почетокот, бројот на добрововолци во швајцарската гарда не бил голем, но со тек на време се зголемувал.

Папа-мецена[уреди]

Покрај своето големо воено искуство, папата Јулиј II бил и голем мецена. Во 1506, тој реши да изврши реставрација на базиликата Свети Петар. Но, бидејќи зградата се покажала дека е многу стара, тој решил да изгради нова црква, за што архитектонските работи му го доверил на Донато Браманте. Во 1512, во Сикстинската капела биле откриени фрески на генијалниот Микеланџело Буонароти. Токму Микеланџело ја проектирал надгробната плоча на папата Јулиј II. Од 1508 до 1512, внатрешноста на ватиканскиот папски дворец била украсена од уште еден голем уметник, Рафаело Санти.

Папа-непотист[уреди]

Како и своите претходници, папата Јулиј II виодел непотизам, со тоа што ги назначувал своите роднини за епископи и кардинали. Тоа биле членови на семејствата дела Ровере и Орсини. Во тоа време, сѐ уште било вообичаено папскиот миленик да стане кардинал и да заземе висока должничка функција во римската курија како папски намесник. Тој успеал да склучи пригодни бракови за своите вонбрачни деца, да обезбеди соодветно богатство и да се поврзе со благородничките семејства во Европа. Во 1512 го свикал Осумнаесеттиот вселенски собор, кој бил свикан за да се поразговара за реформи во црквата. Папата не земал учество во рабоатта на сопборот. Тој умрел на 21 февруари 1513 и бил првиот папа чие тело било балсамирано.

Надворешни врски[уреди]