Папа Бонифациј VIII

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Bonifatius VIII
Bonifatius VIII Grabstatue.JPG
Родено име Бенедето Каетани
Папа од 24 декември 1294
Папа до 11 октомври 1303
Претходник Папа Целестин V
Наследник Папа Бенедикт XI
Роден околу 1235
Анањи, Италија
Починал 11 октомври 1303
Рим
Други папи по име Бонифациј (појаснување)

Папа Бонифациј VIII (лат. Bonifatius PP. VIII) (околу 1235 - 11 октомври 1303) бил римски папа од 24 декември 1294 до 11 октомври 1303. Водел политика на надмоќ на црковната над светската власт. Неуспешен во тоа, тој ја префрлил моќта на централизираните Франција и Англија. Добил неколку политички интриги поврзани со борбата за превласт во Германија. Посредството во француско-англиските односи се покажало како неуспешно. Подготвен за војна во скоро време, францускиот крал Филип IV Убавиот и англискиот Едвард I вовеле на своите страни налог за свештенство без согласност од страна на папата, што ја нарушило практиката од XIII век. Бонифациј возвратил со издавањето на булата Clericis laicos, во која им се заканил на светските владетели да не донесуваат налози за свештенството без дозвола од папата, под закана на одделување од црквата. Во 1302, тој ја издал булата Unam Sanctam, во која тој целосно ја изложил својата концепција за моќта на црквата над светската власт.

Во септември 1303, Филип IV Убавиот го испратил Вилијам де Ногарет, кој бил жесток критичар на папата, да ја предводи делегацијата до Рим. Намерата била папата да се донесе пред францускиот совет, па макар и со употреба на сила, каде му било судено за обвинението од страна на францускиот крал. На 7 септември 1303, француските и италијанските војници го нападнале и уапсиле папата од неговиот роден град. Три дена подоцна папата бил ослободен. Папата Бонифациј VIII, кој тогаш имал 68 години бил силно вознемирен и умрел неколку седмици потоа.

Emblem of the Papacy SE.svg Оваа статија поврзана со папа е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!