Папа Инокентиј IV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Инокентиј IV
Innocent IV - Council of Lyon - 002r detail.jpg
Родено име Синибалдо Фиески
Папа од 25 јуни 1243
Папа до 7 декември 1254
Претходник Папа Целестин IV
Наследник Папа Александар IV
Роден околу 1195
Манарола, Италија
Починал 7 декември 1254
Неапол
Други папи по име Инокентиј (појаснување)

Папа Инокентиј IV (лат. Innocentius PP. IV)(околу 1195 - 7 декември 1254) бил римски папа од 25 јуни 1243 до 7 декември 1254. Од 1218 зазземал висока функција во римската курија. Откако станал папа, целосно се посветил против Фридрих II Хохенштауфен. Тој водел борба како дипломат, а и со помош на своите записи.

Во 1245, Инокентиј издал була со која повикал монголскиот владетел да стане Христијанин и да престане со својата агресија над Европа. Во 1246, канот Гујук испратил писмо , кое денес се наоѓа во ватиканската библиотека, со кое побарал покорност од страна на папата и останатите владетели во Европа.[1]

Наводи[уреди]

  1. Дејвид Вилкинсон, Изучување на историјата на меѓуцивилизациските дијалози [1]
Emblem of the Papacy SE.svg Оваа статија поврзана со папа е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!