Папа Павле II
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Paulus II | |
|---|---|
| Родено име | Пјетро Барбо |
| Папа од | 30 август 1464 |
| Папа до | 26 јули 1471 |
| Претходник | Папа Пиј II |
| Наследник | Папа Сикст IV |
| Роден | 23 февруари 1417 Венеција |
| Починал | 26 јули 1471 Рим |
| Други папи по име Павле (појаснување) | |
Папа Павле II (лат. Paulus PP. II)(23 февруари 1417 - 26 јули 1471) бил римски папа од 30 август 1464 до 26 јули 1471. Тој му бил миленик на папата Евгение IV. Бил назначен за кардинал кога имал 23 години. Кога станал папа, мислел да ја ограничи прекумерната амбициозност на кардиналите, со која тие имале влијание и на понтификатот на папата. Многу лошо владеел, не бил хуманист и не ги поддржувал покорните. Започнатиот процес на инквизиција против хуманистите Помпониј Лет (1428-1497) и Платин (починал во 1481), покажал дека тие не претставуваат опасност за папата. Павел II наредил да бидат ослободени, а неговиот наследник Сикстиј IV го назначил Платин за префект на Ватиканската библиотека. Во 1464, во бенедиктијанскиот манастир во Субиако била претставена првата типографија на територијата на Италија. Во 1467, папата павле ја пренел во Ватикан.