Римско гето

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ViaRuaInGhettoByRoeslerFranz.jpg
ArcoDelleAzimelleInGhettoByRoeslerFranz.jpg

Римското еврејско гето (италијански: Ghetto di Roma) се наоѓа во регионот Сант Анџео во Рим, Италија, во близина на портикот на Октавија и театрот на Марцел.

Папската була Cum nimis absurdum била изгласена од страна на папа Павле IV на 14 јули 1555 година. Покрај неколку правила, според оваа була, било наредено да се формира гето, каде биле сместени евреите, народ кој во Рим опстојувал уште пред да биде создадено христијанството како религија. Бројот на евреите во тоа време бил драстично намален, односно нивниот број бил околу 2.000 верници. Гетото било сместено во посебен квартал со три порти, кои биле затварани во текот на ноќта. Ѕидот околу гетото бил изграден од страна на италијанскиот архитект Џовани Салуцио Перуци.

Булата исто така имзабранила и неколку права на еврејската заедница, како на пример забрана за сопственост на имот. Според мал број на евреи пак, самото гето имало позитивна страна за евреите во градот, бидејќи претходно често пати имало случаи за напади врз еврејското население од страна на христијанското, па на овој начин ова било навидум искоренето[1].

Со формирањето на Римската република во 18 век, римското гето било забрането, но ова траело само една година, колку и новата република, кога папската држава повторно била обновена, а евреите повторно биле принудени да се вратат во гетото.

Во 1848 година, на почетокот од својот мандат, папа Пиј IX го отворил гетото. Но по враќањето му од егзил во 1850 година,, во кое претходно Римсакта република издала големи анти-папски мерки и правила, папата издал серија од антилиберални мерки, вклучувајќи го и повторното воспоставување на гетото. На 20 септември 1870 година, Папската држава престанала да постои, а со ова и самото гето.

Ѕидините од еврејското гето биле разрушени во 1888 година.

Денеска, областа околу поранешното гето претставува почетокот на римската синагога.

Наводи[уреди]

  1. Around 1860 a large apartment in Ghetto had to be rented for 30 Scudi per month (the rent had remained the same since the reign of Urban VIII. The same apartment on the free market cost 450 Scudi. About, 96.