Споменик на Виктор Емануел II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Координати: 41.894599° СГШ 12.483092° ИГД

Споменикот на зајдисонце

Национален споменик на Виктор Емануел II (итал. Monumento Nazionale a Vittorio Emanuele II), „Олтар на татковината“ (Altare della Patria) или „Виторијано“ — споменик во чест на Виктор Емануел, првиот крал на обединета Италија. Се наоѓа во Рим, Италија, меѓу Пјаца Венеција и ридот Капитол. Споменикот е дело на Џузепе Сакони, проектирано во 1895. Бил официјално претставен во 1911 и завршен во 1925.[1]

Споменикот е изграден од чист бел мермер и содржи прекрасни скали, високи коринтски столбови, фонтани, голема скулптура на Виктор Емануел на коњ и две статуи на божицата Викторија како јава на квадриги. Структурата е широка 135 метри и 70 метри висока. Ако се сметаат и квадригата и крилатите победи, достигнува висина до 81 метар.[1]

Споменикот го содржи гробот на незнајниот војник со вечен оган, изграден под статуата на Италија по Првата Светска Војна. Основата на структурата исто така вклучува и музеј на обединувањето на Италија.[1][2]

Споменикот бил контраверзен бидејќи со неговата изградба се уништил голем дел од ридот Капитол со средновековната област. Самиот споменик често се смета за преголем и прераскошен.[2][3][4] Јасно се гледа од голем дел од Рим иако има коцкаста форма и нема купола или кула.[1] Споменикот исто така е блескаво бел, упадлив меѓу претежно кафеникавите згради од околината. Заради пренатрупаната конструкција носи неколку навредливи прекари. Римјаните некогаш го нарекуваат „свадбената торта“ и „лажните заби“, додека американците кога го ослободиле Рим во 1944 го нарекле „машина за пишување“, прекар прифатен и од локалното население. И покрај сите критики, споменикот привлекува голем број на посетители. Се појавува


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Vidotto, Vittorio. "The Invention of Two Capital Cities. Archaeology and Public Spaces in Athens and Rome" (PDF). European Association for Urban History.  (консултирано на 2007-02-26)
  2. 2,0 2,1 d'Aquino, Niccolo (Feb 2001). „Capitals: Rome“. „Europe“ (403): 36-38. 
  3. Atkinson, David; Cosgrove, Denis (Mar. 1998). „Urban Rhetoric and Embodied Identities: City, Nation, and Empire at the Vittorio Emanuele II Monument in Rome, 1870-1945“. „Annals of the Association of American Geographers“ 88 (1): 28-49. 
  4. Anonymous (Oct 1996). „Outrage“. „The Architectural Review“ 200 (1196): 25. 

Надворешни врски[уреди]