Плоштад Трафалгар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плоштад Трафалгар
Trafalgar Square
Trafalgar Square, London 2 - Jun 2009.jpg
Податоци
Место Вестминстер, Лондон
Земја Англија, Велика Британија


Плоштадот Трафалгар (англиски: Trafalgar Square) е плоштад кој се наоѓа во Лондон, Англија. Името на овој плоштад доаѓа од британската победа во наполеонските војни во истоимената битка од 1805 година. Во почетокот како друга варијанта за името на плоштадот била и Вилијам IV.

Во 1820 година, принцот наредил на архитектот Џон Неш да започне со создавање на проект на овој реон. Сепак, денешната архитектуа на плоштадот е дело на Сер Чарлз Бари, и истата е завршена во 1845 година. За последен пат плоштадот бил реконструиран во 2003 година.

Денеска овој плоштад е еден од најголемите туристички атракции во Лондон, познат по место каде се собираат бели гулаби.