Битка кај Трафалгар
| Битка кај Трафалгар | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Наполеонските војни | |||||||
Битката кај Трафалгар масло на платно од Џ. М. В. Тарнер 1806 - 1808 |
|||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Војсководци | |||||||
| Сила | |||||||
| 27 бојни бродови и 6 други | Франција: 18 бојни бродови и 8 други Шпанија: 15 бојни бродови |
||||||
| Жртви | |||||||
| 449 загинати, 1.246 ранети Вкупно: 1.695 |
7.000 заробени, 21 заробен брод, 1 уништен брод Франција: 2.218 загинати, 1.155 ранети Шпанија: 1.025 загинати, 1.383 ранети Вкупно: 12.781 |
||||||
Битката кај Трафалгар (21 октомври 1805) била водена помеѓу Британската кралска морнарица и здружената флота на Франција и Шпанија како дел од Наполеонските битки (1803-1815). Оваа битка била најрешителната победа дотогаш на Британците, и ја предодредила британската поморска доминација во XIX век. 27 воени бродови предводени од адмиралот Хорацио Нелсон ги победиле 33-те француски и шпански бродови предводени од францускиот адмирал Пјер Вилнев. Битката се одиграла на југозападниот брег на Шпанија, кај Кадиз, близу ‘ртот Трафалгар (36°11′N 6°2′W / 36.183°N 6.033°W). Поразената флота на французите и шпанците изгубила вкупно 22 брода, а победниците ниту еден.
Нелсон применил една нова тактика, наместо да ја постави флотата паралелно со противничката, тој ја поставил нормално на неа и со тоа се здобил со предност и покрај бројната надмоќ на непријателот.
Нелсон бил смртно ранет во битката, но останал како најголем поморски воен херој на Британија. Адмиралот Пјер Вилнев бил заробен заедно со неговиот брод Букентаур. Шпанскиот адмирал Федерико Гравина избегал со остатокот од флотата, но починал по неколку месеци од раните здобиени во битката.
Во чест на победата во оваа битка и јуначката смрт на адмиралот Нелсон, во 1843 г. на плоштадот Трафалгар во Лондон е поставен Нелсоновиот столб, дело на архитектот Вилијам Реилтон.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Битка кај Трафалгар“ |
- Интерактивен водич: презентација од Гардијан за Битката кај Трафалгар
- Видео (42 мин.) од рекреирање на Битката кај Трафалгар во Портсмут, на 28. јуни 2005