Канадски дом (Лондон)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  1. пренасочување Шаблон:Инфокутија Зграда

Канадскиот дом (англиски: Canada House) се наоѓа на плоштадот Трафалгар во Лондон. Овој објект претставува официјална амбасада на Канада во Обединетото Кралство.

Зградата била изградена во текот од 1824 до 1827 година. За главен архитект бил избран Сер Роберт Смерк, кој бил главен изведувач и на Британскиот музеј. Нејзината намена се пренасочила во 1923 година, кога Канада официјално ја наемила зградата. Така, во следните две години објектот бил реновиран и официјално отворен на 29 јуни 1925 година, од страна на кралот Џорџ V и кралицата Марија. На церемонијата присуствувале и неколку поранешни британски премиери.

Во текот на 1960-тите, Канада во голема мера го зголемила своето присуство во кралството, па во 1961 година го изнајмила и т.н. Мекдоналдов дом.

Во 1993 година, Канадскиот дом официјално била затворен од страна на канадската влада, главно поради намалување на трошоците. Во 1997 година, објектот бил реновиран. Денес, Канадскиот дом служи како место каде се одржуваат конференции, приеми, предавања и ручеци. Освен тоа, во објектот се наоѓаат и неколку артефакти од историска важност.