Глацијација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Речиси една десетина од површината на Земјата е трајно покриена со лед. Ледената покривка и заледеното море ги оковале поларните краишта, а ледените куполи и глечери лизгаат низ падините на високите планински венци. Глечерите се откриени дури и на планините на екваторот.

Создавање на ледената купола[уреди]

  1. Дебела снежна покривка ја покрива земјата. Свежиот слој го собира постариот, претворајќи го во ледена маса наречена фирн.
  2. Температурата расте, но не е доволно топло за да може да се истопи ледот. По неколку зими слојот на фирн станува подебел.
  3. Фирнот може да созададе ледена купола. Силата на тежата го предизвикува нејзиното лизгање во пониски предели. Ледениот јазик ја исполнува долината, создавајќи глечер.

Одлики на глечерот[уреди]

Обично, глечерите се спуштаат од високите планини. Повеќето се движат со брзина од 2 m дневно, но на стрмните косини брзината може да биде и поголема. Понекогаш се потребни илјадници години за ледот да стигне до крајот на глечерот кој полека се движи.

Глечер

Глечерски предел[уреди]

Кога глечерите ќе се повлечат, да речеме на крајот од леденото доба, зад себе оставаат долини во облик на буквата U, фјордови и длабоки езера. Купишта морена создаваат глечерски брекчиња и морски гребени.

Залихи на вода[уреди]

Повеќе од 75% од залихите на вода во светот е замрзната во ледените слоеви, ледени куполи и глечери.

Ледени проценти[уреди]

Околу 12% од морето и 10% од копното е трајно покриено со лед.

Најдолги глечери[уреди]

Тука се наведени најдолгите глечери во секој од главните ледени подрачја на светот.

Глечер Подрачје Должина (km / милји)
Ламбер-Фишеров леден премин Антарктик 515 km / 320 милји
Патерманс Гренланд 200 km / 124 милји
Хабард Алјаска, Јукон, С.Америка 128 km / 80 милји
Сиачен Каракорум, Азија 75 km / 47 милји
Скеидарарјокул (Скеидарарјокул) Исланд 48 km / 30 милји
Тасман Нов Зеланд 29 km / 18 милји
Алеч Европски Алпи 24 km / 15 милји
Гјабранг Хималаи 21 km / 13 милји

Снежна граница[уреди]

Снежна граница е висина на која го одвојува подрачјето на вечен снег и лед од подрачјето на кое снегот се топи при потопло време.

  • На Екваторот снежната граница е на висина од околу 4900 km.
  • На Алпите снежната граница е на висина од 2700 km.
  • Во поларните краишта снежната граница е на нивото на морето.

Леден период[уреди]

Ледени периоди се јавуваат во време на заладена клима на Замјата и пораст на количеството на лед. Научниците веруваат дека во последните милион години постоеле барем пет ледени периоди.

Последно ледено доба[уреди]

Последното ледено доба започнало пред 72.000 години, а завршило пред околу 10.000 години. Нивото на морето било околу 150 m пониско отколку денес, затоа што големи количини на вода биле заробени во облик на мраз.

Лавини[уреди]

Лавина е маса снег и мраз кој одеднаш се стркалува низ планинската падина. Може да биде долга и цел километар, а понекогаш има брзина и од 360km/h. Ако на патот и се најде село, куќите ќе бидат срамнети со земја, а луѓето ќе загинат.

Лавина

Занимливости[уреди]

  • Лавината може да ја придвижи ветер со брзина од 300 km/h.
  • Се проценува дека околу 18.000 австриски и италијански војници загинале во еден единствен ден во 1916 година во повеќе од 100 лавини на Доломитите (северна Италија). Многу лавини биле придвижени со топовското пукање.
  • Најголемите лавини се придвижуваат на падините со косина од 30 до 40 степени.

Ледени санти[уреди]

Морето се замрзнува кога температурата ќе падне под -1,9℃. Морскиот лед никогаш не е подебел од 5 m.

Ледени рекорди[уреди]

Најбрзиот глечер[уреди]

Најбрзиот глечер е Кварајак, Гренланд, а се движи 20-24 m дневно.

Најдебелиот лед[уреди]

Најдебелиот лед бил дебел 5 km, а се наоѓал во Вилксовата земја на Антарктикот. Тоа е повеќе од половина од височината на Монт Еверест.

Најголемиот леден брег[уреди]

Најголемиот леден брег е долг 335 km, а широк 97 km; површината му е за три пати поголема од Кипар.

Најголемиот број на жртви од една лавина[уреди]

Најголемиот број на жртви од една лавина достигнуваат врој од 5000 во Хуарас, во Перу, на ден 13 декември 1941 година.

Ледени брегови[уреди]

Ледените брегови се парчиња лед откинати од глечер, ледена покривка.

Највисокиот леден брег[уреди]

Највисокиот леден брег е висок 167 m. Повисок е од катедралата Свети Павле во Лондон. Виден е на Гренланд 1958 година.

Занимливости[уреди]

  • Од глечер на западниот дел од Гренланд се откинуваат околу 10.000 ледени брегови годишно.
  • Научниците проценуваат дека просечната старост на ледот во ледениот брег е околу 5000 години.