Масар Кодра

Од Википедија — слободната енциклопедија

Масар Кодра (албански: Masar Kodra; Дебар, 1932 - Скопје, 2004) — македонски историчар, научен соработник, универзитетски професор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Кодра е роден во Дебар во 1932 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на групата по историја во 1955 година. Докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Albanska nacionalnost u Makedoniji u narodnooslobodilačkoj borbi“ во 1974 година. Бил асистент и научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје од 1 јануари 1967 до 1 јули 1975, а потоа професор на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет во Приштина. Од отворањето на Тетовскиот универзитет на 16 февруари 1995 (тогаш сѐ уште непризнат), Кодра ја извршувал функцијата декан на Филозофскиот факултет[1].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Кодра има објавено над 30 научни трудови за современата историја на Албанците во Македонија.

  • Значаен јубилеј - 25 години од формирањето на КПМ, „Безбедност“, VIII, 1, Скопје, 1968, 20–24;
  • Соработката на албанскиот и македонскиот народ во текот на НОБ (1941-1944), „11 октомври“, Скопје, 1972, 76–82;
  • Учеството на припадниците на албанската народност во проширувањето на слободните територии во Македонија, „Слободните територии во Македонија 1943“, Скопје, 1975, 137–154;
  • Комунистичката партија на Македонија и народностите (1919-1945), „Основањето и развојот на Комунистичката партија на Македонија“, кн. втора, Скопје, 1980, 983–1010.;

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „СКАНДАЛИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИОТ СИСТЕМ - Политиката го осакати образованието“. Вест. 8/17/2002. Архивирано од изворникот на 2015-02-14. Посетено на 2009-11-18. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)