Љутви Руси

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Љутви Руси
Роден(а) 21 јануари 1923
Македонија Дебар
Починал(а) 28 февруари 1981
Македонија Скопје
Занимање Писател, Новинар

Љутви Руси (албански: Lutvi Rusi; Дебар, 21 јануари 1923 - Скопје, 28 февруари 1981) бил македонски новинар, писател и преведувач од и на албански јазик. Носител на Партизанска споменица 1941, истакнат борец во НОБ во Западна Македонија.

[уреди] Биографија

Руси е роден во Дебар на 21 јануари 1923 година. После Втората светска војна како нејзин учесник, Руси влегува во новинарството во педесеттите години. Потоа станува долгогодишен уредник на емисиите на албански јазик на Радио Скопје, а потоа сè до пензионирањето бил главен и одговорен уредник на „Флака“ и на „Просветно дело“. Во коавторство со Миле Ќорвезироски го објавил првиот Македонско-албански речник во 1967 година. Преведувал од македонски на албански јазик и обратно. Бил член на ДПМ од 1953 година. ДПМ во негова чест има идеја да преименува улица во Скопје[1].

[уреди] Библиогрфаија

  • Песни за пионерите (заедно со Мемедали Хоџа), 1953;
  • Бригада на зајаците, 1966;
  • Партизански приказни, 1974;
  • Калење,1975;
  • Ибе Паликуќа, 1976;
  • Двајца другари,1977;
  • Сомневање, 1979;
  • Лиман Каба, 1980;
  • Глувонемиот, 1981.

[уреди] Наводи

  1. ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИТЕ - Свои улици немаат најистакнатите македонски писатели“, Време, 02.03.2007. Проверено на 2009-11-15. (на македонски)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици