26 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | февруари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | ||
26 февруари е 57-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 308 денови до крајот на годината (309 во престапна).
Настани:
| 1531 | Во Лисабон, главниот град на Португалија, во земјотрес загинаа меѓу 20 и 30 илјади луѓе. |
| 1815 | Францускиот цар Наполеон Бонапарта го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како „Сто денови“, завршено со поразот на неговите трупи кај Ватерло. |
| 1848 | Британскиот воен транспоретен брод „Биркенхед“ потона во заливот Симон покрај брегот на Јужна Африка, повлекувајќи во смрт 485 луѓе. |
| 1901 | По задушувањето на двегодишното кинеско востание против окупаторите наречено „Боксерско востание“ на водачите на побунетите Чи Хсиуиј и Су Ченг Ју јавно им ги отсекоа главите. |
| 1909 | Отоманската Империја ја призна австроунгарската анексија врз Босна и Херцеговина. |
| 1915 | Германците во Првата светска војна, во борбата против Французите кај Маланкур за првпат во историјата војуваа со употреба на фрлачки пламени. |
| 1918 | Германски авиони во Првата светска војна го бомбардираа италијанскиот град Венеција. |
| 1936 | Адолф Хитлер во Саксонија ја отвори првата фабрика за производство на „народното возило“ Фолксваген. |
| 1992 | Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија. |
| 1993 | Напад во Светскиот трговски центар во Њујорк. Загинаа 6 лица, повредени се 1.042. |
| 2004 | Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа при уривањето на авионот од типот „Кингер“ на 15-километри јужно од Мостар. |
Родени:
| 1725 | Никола Кињо, изумител на автомобилот.. |
| 1802 | Виктор Иго, еден од великаните на францускиот романтизам. |
| 1861 | Фердинанд I, кнез и цар на Бугарија. |
| 1932 | Џони Кеш, американски пејач, актер и автор. |
| 1932 | Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на „Нова Македонија“. |
| 1948 | Ѓорѓи Колозов, македонски глумец. |
| 1956 | Мишел Уелбек, француски романсиер, поет и режисер. |
| 1963 | Милко Ѓуровски, македонски фудбалер. |
| 1983 | Сергеј Биков, руски кошаркар. |
Починале:
| 1916 | Наум Туфекчиев, македонски револуционер. |
| 1927 | Херман Обрист, швајцарски и германски дизајнер и скулптор. |
| 1938 | Александар Амфитеатров, руски писател. |
| 1952 | Јозеф Торак, австриско-германски вајар. |
| 1960 | Александар Белиќ, македонист. |
| 2004 | Борис Трајковски, претседател на Република Македонија |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |