Светски трговски центар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Светски трговски центар
World Trade Center Towers
Кулите близначки кај Светскиот трговски центар во март 2001 година.

Светски трговски центар
World Trade Center Towers биле највисоките градби во светот од 1972 до 1973 г. г.[I]
Рекордна висина
ПретходнаЕмпаер Стејт Билдинг
СледнаВилис тауер
Општи податоци
МестоЊујорк
Состојбаразрушена
Изградба1 WTC: 1966–1972
2 WTC: 1966–1973
3 WTC: 1980–1981
4, 5, & 6 WTC: 1975–1979
7 WTC: 1985–1987
Урната11 септември 2001
Висина
Антена/шилец1 WTC: 1,727 ft (526.3 m)
Покрив1 WTC: 1,368 ft (417.0 m)
2 WTC: 1,362 ft (415.0 m)
Последен кат1 WTC: 1,355 ft (413.0 m)
2 WTC: 1,348 ft (411.0 m)
Технички податоци
Спратови1 & 2 WTC: 110 спрата
3 WTC: 22 спрата
4 & 5 WTC: 9 спрата
6 WTC: 8 спрата
7 WTC: 47 floors
Вкуп. површина1 & 2 WTC: 4,300,000 sq ft (400,000 m2)
4, 5, & 6 WTC: 500,000 sq ft (50,000 m2)
7 WTC: 1,868,000 sq ft (170,000 m2)
ЛифтовиИ двете градби имале по 99 лифтови
Фирми
Архитект(и)Минору Јамасаки
Emery Roth & Sons
Градеж. инженерЛесли Робертсон
ИзведувачTishman Realty & Construction Company
СопственикPort Authority of New York and New Jersey

^ Наполно погодна за станување, самостојна, од главниот влез до највисокиот дел. Погледајте и: список на највисоки градби во светот.

Светскиот трговски центар (англ. World Trade Center) во Њујорк, САД бил комплекс од седум згради во долниот Менхетен, дизајнирани од архитектот Минору Јамасаки и инженерот Лесли Робертсон, а изграден од Пристанишните власти на Њујорк и Њу Џерси кои го поседувале земјиштето.

Изградбата започнала во 1966, а целосно завршила на 4 април 1973. Најдобро е познат по двете 110-катни кули-близначки високи по 417м (со антената на северната кула 526,3м). Терасата на врвот на јужната кула и ресторанот на северната кула нуделе спектакуларна глетка на Менхетен и околината.

Комплексот, со вкупна површина од 1,24 милиони м² деловен простор, сместен во срцето на финансискиот кварт на Менхетен бил израз и одраз на престижот на американската финансиска индустрија. Во вообичаен работен ден, во кулите работеле 50.000 луѓе и уште околу 200.000 поминувале како посетители. Комплексот дури имал и сопствен поштенски број - 10048.

Терористички напади[уреди | уреди извор]

Поради својата симболика, Светскиот трговски центар бил мета на непријателите на САД. Во 1993. група исламски терористи предводени од Рамзи Јусеф со автомобил-бомба[1] се обиделе да ја соборат северната кула во јужната и така што ги урнат двете.[2][3] Планот не им успеал бидејќи експлозијата не ја урнала северната кула, но направила големо оштетување при што загинале 6, а биле повредени над 1000 лица.

Утрото на 11 септември 2001. терористи на Ал-Каеда[4], управувајќи со 2 претходно грабнати авиони од типот Боинг 767, се удриле во кулите во временско растојание од 16 минути. Како резултат на пожарот што настанал од авионското гориво, дошло до структурни оштетувања на кулите. Од седумте згради од комплексот на Светскиот трговски центар, кулите, а по нив и уште две други се урнале, а другите три биле непоправливо оштетени од уривањето. Загинале 2.998 луѓе, 19 терористи, а биле повредени повеќе од 6.291.

Видете и:[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Homemade, Cheap and Dangerous - washingtonpost.com
  2. Childers, J. Gilmore; Henry J. DePippo (1998-02-24). „Senate Judiciary Committee Hearings: Foreign Terrorists in America: Five Years After the World Trade Center“. US Senate Judiciary Committee. Архивирано од изворникот на 2007-12-27. Посетено на 2008-01-08.
  3. Wright, Lawrence, Looming Tower, Knopf, (2006) p.178
  4. „Bin Laden claims responsibility for 9/11“. CBC News. 2004-10-29. Посетено на 2006-09-07.