9 февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Февруари 2014 9 февруари е 40-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 325 денови до крајот на годината (326 во престапна).

Настани:

1540  Во местото Рудај Филдс, во близина на англискиот град Честер се одржа првата современа трка со коњи во светот.
1849  Италијанскиот револуционер Џузепе Мацини го прогласи Рим за Република.
1861  Џеферсон Дејвис е избран за претседател, а Александар Стивенс за потпретседател на Конфедералните американски држави (робовладетелски држави отцепени од САД).
1922  Признато му е авторското право на францускиот композитор Пјер Дегејтер на музиката за пролетерската химна „Интернационала“. Дегејтер уште во 1888 година напиша музика за текст на пролетерскиот поет Ежен Потје и таа првпат беше изведена истата година спроти празникот на здруженијата на француските социјалистички новинари. При првото изведување случајно е изоставено името на композиторот, па Дегејтер подоцна со години залудно го докажуваше своето авторство.
1923  Формирана е советската државна воздухопловна компанија „Добролет“ која во 1932 година го промени името во „Аерофлот“.
1943  Втора светска војна: Почна битката на Неретва, позната како Битка за ранетите, една од најзначајните битки во текот на НОВЈ против фашизмот. Битката траеше до 31 март истата година, а во неа беа спасени околу 3.500 ранети и префрлени на слободна територија.
1945  Научникот Селман Ваксман и неговиот студент Алберт Шац го открија антибиотикот стрептомицин наменет за болните од туберкулоза. Ваксман својот прв антибиотик го откри во 1940 година, но тој се покажал како токсичен по здравјето на луѓето.
1962  Јамајка стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.
1995  Република Македонија и Република Индија воспоставија дипломатски односи.

Родени:

1700  Даниел Бернули — швајцарски лекар, физичар и математичар.
1943  Џозеф Стиглиц — американски економист и добитник на Нобелова награда за економија во 2001 година.
1945  Миа Фароу — американската актерка.
1954  Кевин Ворик — британски научник.
1987  Давид Ланзафаме — италијански фудбалер.
1987  Јане Петровски — македонски кошаркарски репрезентативец.

Починале:

1640  Мурат IV — отомански султан.
1675  Герит Дау — сликар од Холандското Златно доба.
1881  Фјодор Михајлович Достоевски — познат руски и светски писател.
1927  Чарлс Волкот — американски научник.
1944  Кирил Прличев — македонски револуционер.
1957  Павел Делирадев — бугарски општественик.
1977  Сергеј Владимирович Илјушин — руски авиоконструктор.
1984  Јуриј Андропов — советски политичар.
1993  Мину Угриновска — актерка на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември