DNK

Од Википедија — слободната енциклопедија
DNK
Роден(а)Скопје
Жанр(ови)поп

DNK — македонска поп група. Основана е во 2002 година. Членови на групата се Владимир Блажев - Панчо (роден 29 јули 1979 во Скопје) и Андреја Ѓорѓиески - Андреј (роден 9 февруари 1982 во Скопје).[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Како артисти со претходно музичко искуство и образование (Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК - Девојка за везден за кој снимат и видео запис.

Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“. Понатаму во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Во 2010 година тие го издаваат деби албумот насловен “Кажано е се”, преку нивната матична куќа „Продукција Република“, како продуцент се јавува Врчак, а албумот се состои од 18 песни, меѓу кои сингловите “Полна месечина”, “Пази се од мене”, “Навлечен на тебе”, “Таа тоа го крие” и други.[2] Една година подоцна, во септември 2011, ДНК го одржува својот прв соло концерт во Метрополис Арена во Скопје.[3]

Во јуни 2012, тие го издаваат синглот “Авион”, како најава за претстојниот албум “Срце”. Албумот “Срце”, издаден во 2013 година, има 15 песни, вклучувајќи ги песните како “Дада”, “Што сака нека биде”, “Од утро до мрак” и други.[4][5]

Неколку месеци подоцна, во септември 2012, ДНК одржува акустичен концерт во Универзална Сала Скопје,[6] поддржани од камерен оркестар и бенд во живо.[7]

Во 2016, тие го издаваат албумот “Уште еден ден”.[8][9] Овој албум има 12 песни, меѓу кои: “Само таа знае како”, “Најмила”, “Темно е”, “Она е од Шутка”.[10][11]

Во мај 2017, ДНК слави 15 години постоење со концерт во Метрополис Арена во Скопје.[12][13]

Во 2018, тие ја издаваат компилацијата “The Best Of”, која содржи 22 популарни песни и бонус песната “Дијамант”.[14]

Во 2019, ДНК издава 4 синглови: “Кога би знаела се”[15], “Ромео и Јулија”[16], “Ние”[17] и “Горе или доле”.[18][19]

На почетокот на 2020 година тие го издаваат последниот сингл насловен “Јави ми" со анимирано видео.[20] Во март, тие оддржаа онлајн концерт на YouTube и Facebook.[21]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми и компилации[22][уреди | уреди извор]

ДНК има издадено 3 студиски албуми, една "best of" компилација и едно EP

ДНК - албуми, компилации и EP
наслов година број на песни
Пази дете 2005
Кажано е се 2010 18
Срце 2013 15
Уште еден ден 2016 12
DNK - The Best of 2018 22

Видео записи[23][уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Девојка за везден 2002
Пази дете 2003
Благодарам однапред 2004
Полна месечина 2008 Владимир Митревски-Ѓуле
Навлечен на тебе 2008 Владимир Митревски-Ѓуле
Змеј 2009 Владимир Митревски-Ѓуле
Пази се од мене 2009
Едно тело 2010 Огнен Шапковски
Спонзоруша 2011
Кажано е се 2011
DADA 2011 Томато продукција
Од утро до мрак 2011 Томато продукција
Авион 2012
Диско џунгла 2012 Томато продукција
Старлета 2013 Томато продукција
Што сака нека биде 2013
Север и југ 2014 Томато продукција
Опуштено 2014
Она е од Шутка 2014 Томато продукција
Најмила 2015 Томато продукција
Само таа знае како 2016 Томато продукција
Стојам сам 2016
Јас и ти 2016 Томато продукција
Аеродром 2016 Томато продукција
Звер 2016 Владимир Митревски-Ѓуле
Некој друг 2017 Томато продукција
Уште еден ден 2017 Томато продукција
Невозможна мисија 2017 Даниел Јовески
Пола човек 2018 Александар Ристовски - Принц
Дијамант 2018 Александар Ристовски - Принц
Кога би знаела се 2019 CRNI SRBI PRODUCTION
Горе или Доле 2019 Даниел Јовески
Ромео и Јулија 2019 Илија Димкоски
Ние 2019 Даниел Јовески
Јави ми 2020 Никола Димов
Денови во ноќи 2021 Даниел Јовески
Кобра 2021 Валон Азири
Сите патишта 2021
Ваков таков 2021
Ако утре ме нема 2022 Владимир Митревски-Ѓуле
Милион денови 2022 Владимир Митревски-Ѓуле
Романи 2022 Даниел Јовески

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Биографија“. DNK (англиски). Посетено на 2020-10-16.
  2. „Кажано е Се“. DNK (англиски). Посетено на 2020-11-02.
  3. „DNK - Metropolis Arena - Skopje ( 24.09.2011 ) - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  4. „Панчо и Андреј - ДНК: Ние сме емотивни и романтични момци!“. CRNOBELO.com. Посетено на 2020-11-02.
  5. „Срце“. DNK (англиски). Посетено на 2020-11-02.
  6. „Концерт на ДНК во Универзална сала во Скопје“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-06-10. Посетено на 2020-11-02.
  7. „Истакнати музичари во бендот на ДНК“. CRNOBELO.com. Посетено на 2020-11-02.
  8. Facebook; Twitter; Instagram; YouTube (2016-05-10). „ДНК со ѕвездена промоција на новиот албум и спот“. Fashionel.mk. Посетено на 2020-11-02.
  9. „Цела македонска естрада на промоцијата на новиот албум на ДНК‏“. RadioMK. Архивирано од изворникот на 2016-09-15. Посетено на 2020-11-02.
  10. „Цела македонска естрада на промоцијата на новиот албум на ДНК“. Република Online. Посетено на 2020-11-02.
  11. „Уште Еден Ден“. DNK (англиски). Посетено на 2020-11-02.
  12. „ДНК со славенички концерт во Метрополис Арена!“. vecer.mk. Посетено на 2020-11-02.[мртва врска]
  13. „DNK - Temno e ( Metropolis Arena / Skopje - DNK Concert 12.05.2017 ) - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  14. Sabit, Lejla (2018-08-31). „„ДНК" со промоција на албум и сингл“. Независен Весник. Посетено на 2020-11-02.
  15. „DNK - KOGA BI ZNAELA SE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  16. „DNK feat. IRIE SCRATCH - ROMEO I JULIJA (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  17. „DNK - NIE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  18. „DNK - GORE ILI DOLE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  19. „Ексклузив - 20.06.2019 / Гости во студио „ДНК" - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  20. „DNK - JAVI MI (official music video) ©2020 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  21. „Биди кул и шизи по дома: ДНК вечерва со онлајн концерт“. Hashtag. Посетено на 2020-11-02.
  22. „DNK“. Spotify (англиски). Посетено на 2020-11-02.
  23. „DNKofficial - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.