24 февруари
Од Википедија, слободната енциклопедија
24 февруари е 55-иот ден во годината според грeгоријанскиот календар. Остануваат 310 денови до крајот на годината (311 во престапна).
Настани:
| 1525 | Во битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употреби пушките „мушкети“, и притоа ја победи француско - швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници. |
| 1582 | воведен е Грегоријанскиот календар |
| 1819 | Американскиот конгрес го ратификува договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД. |
| 1882 | Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјави дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен кохова бактерија. |
| 1945 | Втора Светска војна: Трупите на САД го ослободија главниот град на Филипините, Манила кој беше под окупација од страна на Јапонија. |
| 1946 | Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина. |
| 1971 | Алжирските власти соопштија дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата. |
| 1974 | Властите во Пакистан соопштија дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава. |
| 1987 | Слободан Милошевиќ го посетува САП Косово каде што се состанува со локалните Срби каде тие се жалат дека се тероризирани од албанското мнозинство. Во текот на неговите разговори со Србите и со локалите комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Доаѓа до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанува на страната на народот изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“ |
| 1998 | Францускиот Парламент едногласно го ратификува Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни проби. |
Починале:
| 1815 | Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач. |
| 1952 | Д-р Христо Татарчев, основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун. |
| 1976 | Димитар Митрев, македонски литературен критичар и есеист, академик. |
| 2010 | Момчило Грошев, македонски фудбалер. |