Ѓорѓи Колозов
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Ѓорѓи Колозов | |
| Роден(а) | 1948 Богданци |
|---|---|
| Починал(а) | 2003 Скопје |
| Сопруг(а/и) | Шенка Колозова |
Ѓорѓи Колозов (роден на 26 февруари 1948 во Богданци – почина на 13 октомври 2003 во Скопје) беше еден од најпознатите актери во Република Македонија, кој исто така беше познат и кај македонската дијаспора, во Австралија, Соединетите Американски Држави, како и во соседните држави на Балканот.
[уреди] Образование
Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денеска Факултет за драмски уметности), на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.
[уреди] Кариера
По дипломирањето, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.
Неговата популарност беше резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ базирани врз колекцијата на народните преданија издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби, (кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја, и за правото и моралот на Македонците), Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и останати автори на македонската народна литература.На публиката и е познат по многубројните одиграни улоги во телевизиската серија Македонски приказни, за која, од 1984 година до денес, има снимено 300 епизоди. Во Драмата на Македонскиот народен театар е вработен од 1975. На оваа сцена има остварено позначјани улоги во претставите: "Од многу ум", "Андрокле и лавот", "Госпоѓа министерка", "Чорбаџи Теодос", "Женидба", "Воена тајна", "Мрестење на краповите", "Слободни врски", "Валпургиска ноќ", "Рекламна бајка" и други.[1] Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонски дел од пеколот“ http://www.imdb.com/title/tt0172762/, „Тетовирање„ http://www.imdb.com/title/tt0274952/fullcredits#cast и други http://www.imdb.com/name/nm1300377/.
[уреди] Наводи
- ↑ Мазов, Иван (1982) Сцената и Човекот. Скопје: Книгоиздателство Култура, 1-4 том

