Херман Обрист

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Херман Обрист
Роден Херман Обрист

(Hermann Obrist)
23 мај 1863
Килхберг, во близина на Цирих, Швајцарија

Починал 26 февруари 1927
Минхен, Германија
Националност Швајцарец, Германец
Занимање скулптор, дизајнер

Херман Обрист (германски: Hermann Obrist) бил швајцарски и германски дизајнер и скулптор од движењето Југендстил (арт нуво).

Студирал ботаника и историја во младоста - влијанието од оваа наобразба може да се почувствува во неговата подоцнежна работа во полето на применетите уметности. Потоа, следел часови во школа за уметности и занаети во Карлсруе. Работел како скулптор во Париз, каде што во 1889 се здобил со златниот медал на Светската изложба во Париз.

Како учител, Херман Обрист имал епохално влијание врз појавата и подоцнежниот развој на Југендстил во Германија. Во 1902, Херман Обрист и Вилхелм фон Дебшиц заедно формирале школа за дизајн во Минхен - еден од најпознатите студенти е Лудвиг Хиршфелд Мак, кој подоцна ќе предава во Баухаус. Во 1890 и 1891 ја посетува уметничката школа Академија Жулиен. Во 1892 година во Фиренца, отвара студио за шиење, кое го префрла во Минхен во 1895, каде го формира Ателјето за уметности и занаети (Vereinigte Werkstätten für Kunst im Handwerk). Обрист го ангажирал својот пријател Август Ендел да го дизајнира ова студио во Минхен, изградено во 1897 и уништено во 1944.

Најпознатото и највлијателно дело на Обрист било дизајнот на везена драперија наречена "Cyclamen", во 1892. Таа се состоела од серија на елегантни, свиткани кривини, опишани како "свиоци од камшик", или Peitschenhieb на германски, и постанала една од епохалните дела на движењето ар нуво.